Спорт
Коронавирусот пристигнал во Европа преку Воените спортски игри во октомври?
Италијанскиот весник „Ла Република“ тврди дека коронавирусот во Европа не пристигнал во февруари, туку уште во октомври 2019 година кога во Вухан се одржуваа Воените спортски игри.
Првичната теорија е дека вирусот се појави во декември 2019 во кинескиот град Вухан по што пристигна во Европа во февруари – првиот позитивен тест во Италија беше на 20 февруари. Според италијанскиот натпреварувач во мечување, Матео Таљариол, имало премногу болни спортисти на Воените спортски игри, кои се оддржувале во Вухан од 17 до 27 октомври.
„Сите се разболевме, шест од шест во нашиот апартман, а исто така дознавме дека и во другите тимови имаше болни. Лекарите таму ги потрошија сите медицински средства, а мојот пријател Валерио Аспромонте остана во кревет цело време. Јас имав треска и кашлав три недели, а антибиотиците не помогнаа. Потоа се заразија и мојот син и мојата девојка. Не сум лекар, но симптомите беа тие“, вели Таљариол за „Ла Република“.
Слично, и францускиот петобоец Еди Клувел за францускиот весник „Лоир 7“ откри дека имал слично искуство.
„Мислам дека јас и колегата Валентин Бело имавме коронавирус на Воените игри во Вухан. Се разболевме, јас пропуштив три дена тренинг и се чувствував како никогаш претходно“, вели Клувел.
Сепак, француското Министерство за одбрана демантира дека спортистите во Вухан заболеле од Ковид-19 објаснувајќи дека имало само четири потврдени случаи на маларија.
Седмите Светски воени игри привлекоа речиси 10.000 спортисти од над 100 земји што се натпреваруваа во 27 спорта вклучувајќи и четири спортисти од Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Адли се сели во Премиер лигата за 30 милиони евра

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Амин Адли, ќе стане ново засилување на Борнмут.
Адли има 25 години, игра како напаѓач и офанзивен играч од средниот ред.
Тој е член на Баер Леверкузен од летото 2021 година, кога пристигна од родниот Тулуз. Мароканскиот репрезентативец беше стартер и одигра 45 минути во првиот натпревар од Купот на Германија против Гросбах. Адли му асистираше на Патрик Шик за првиот гол во победата од 4-0.
По натпреварот, Адли со солзи во очите, се збогуваше со навивачите на Баер.
Сепак, „Кикер“, објавува дека трансферот на Адли во Премиер лигата сè уште не е целосно завршен.
Германските медиуми објавуваат дека „Фармацевтите“ сè уште не постигнале целосен договор со Борнмут во врска со трансферот вреден околу 30 милиони евра, но тврдат дека трансферот сепак ќе се реализира.
Леверкузен ја започнува сезоната со 25 играчи во првиот тим, но сè уште има време да носи засилувања.
Голем број важни членови го напуштија тимот по завршувањето на претходната сезона: тренерот Чаби Алонсо (Реал Мадрид), играчот за врска Флоријан Вирц и десниот бек Џереми Фримпонг (Ливерпул), играчот за врска Гранит Џака (Сандерленд), капитенот Џонатан Та (Баерн Минхен)…
Бундеслигата започнува следниот викенд, а Леверкузен ќе го пречека Хофенхајм во сабота во 15:30 часот.
Спорт
(Видео) ВАР го спаси Челзи од пораз против Кристал Палас, „Шумарите“ за полувреме го декласираа Брентфорд

Челси, актуелниот светски клупски првак, не успеа да го победи Кристал Палас во првиот меч во новата сезона. За разлика од Челзи, Нотингем Форест запиша рутинска победа над Брентфорд (3:1).
Кристал Палас, освојувачот на англискиот ФА куп и Суперкуп, на „Стенфорд Бриџ“ дојде да освои бод и нез многу мака успеа во намерата.
Не делуваше добро Челзи на премиерата, се мачеа избраниците на Енцо Мареска особено во организацијата на играта, против цврстата одбрана на Палас.
Гостите постигнаа гол, спектакуларен. Во 14.минута, Еберечи Езе ја скина мрежата од слободен удар, но ВАР се активираше и го поништи голот.
Голот на Палас беше поништен бидејќи нивниот играч (Марк Гуеи) стоеше на помалку од еден метар од живиот ѕид.
„Кога се изведува слободен удар, ако тимот кој напаѓа ги насмести своите играчи во „живиот ѕид“ на одбраната (помалку од 1 метар од ѕидот со најмалку 3 одбранбени играчи) – тоа не е дозволено“, појасни Премиер лигата.
VAR has robbed Eze of a spectacular goal.😭#CHECRY pic.twitter.com/B4Dg2xSzhA
— UTD Trend (@_utdtrend) August 17, 2025
Нотингем Форест за почувреме го декласира Брентфорд, кој во текот на летото остана без тренерот Томас Франк, капитенот Норгард и напаѓачот Мбуемо.
Репрезентативецот на Нов Зеланд, Крис Вуд, продолжи таму каде што застана минатата сезона. Постигна два гола, во шестата и 45+2.минута, а еден гол постигна засилувањето од Болоња, Ндоје во 42.минута. Тијаго во 78.минута ја спаси честа на Брентфорд.
Foto/ EPA/NEIL HALL
Спорт
Пафос испратиле понуда до Кавани

Шампионот на Кипар, Пафос, ривали на Црвена звезда во плејофот за Лигата на шампионите, испратил понуда до Единсон Кавани.
Според медиумите од Кипар, челниците на Пафос се во сериозни преговори со Единсон Кавани.
Кипарците тврдат дека Пафос испратил конкретна понуда до Уругваецот, кој игра за Бока Јуниорс. Се додава дека 38-годишниот напаѓач наскоро би можел да испрати одговор.
Теоретски, доколку Кавани го потпише договорот до 24 часа пред натпреварот со Звезда во Белград (вторник, 21.00 часот), би можел да биде регистриран и за тој натпревар.
Тој би бил новото звучно засилување за Пафос ова лето, бидејќи 38-годишниот Давид Луис веќе пристигна во клубот.
Луис и Кавани беа соиграчи во ПСЖ од 2014 до 2016 година.