Спорт
Фиорентина има уште шест позитивни на коронавирусот, од кои тројца фудбалери

Фиорентина потврди дека во нивниот тим има шест нови позитивни на Ковид-19, од кои тројца се фудбалери, а тројца членови на придружниот состав по првата рунда од тестирањето пред враќањето на тренинзите.
Сите клубови од Серија А прават широко тестирање на своите вработени пред враќањето на тренинг-терените. Фиорентина не објавува кои фудбалери се позитивни потврдувајќи дека тие се во изолација од остатокот на тимот, кој треба да почне да тренира веќе утре.
Виола претходно имаше уште тројца фудбалери кои беа позитивни на коронавирусот – Патрик Кутроне, Херман Пецелја и Душан Влаховиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Карагер: Време е Салах да седне на клупата за резерви

Алармот е силно вклучен во црвениот дел на Ливерпул. Актуелниот шампион минува низ криза, во каква што не бил од ноември 2013 година. Ливерпул се наоѓа во серија од четири порази, три од нив се во Премиер лигата (Кристал Палас, Челзи, Манчестер јунајтед).
Ливерпул, вчера доживеа пораз на домашен терен од Манчестер јунајтед (1:2). Тимот кој минатата сезона супериорно ја освои титулата, на почетокот на новата не личи на себе и покрај тоа што челниците вложија 500 милиони евра во нови играчи.
Проблемите се евидентни, особено во одбраната, но се чини дека најгорливиот проблем е првиот стрелец, Мохамед Салах. Египѓанецот е во ужасна форма, не успева да направи разлика на теренот. Токму тој е означен како еден од виновниците за лошите реузлтати.
„Ливерпул има два гостувања, Лигата на шампионите против Франкфурт, а потоа оди кај Брентфорд. Мислам дека Салах не треба да ги започне двата натпревари“, изјави аналитичарот, инаку поранешен капитен на Ливерпул, Џејми Карагер за „Скај Спортс“.
„Тој секогаш треба да биде стартер на „Енфилд“, бидејќи Ливерпул ќе биде на врвот, на работ од шеснаесетникот, а денес постигнува голови почесто во такви ситуации. Но, мислам дека во гостувањата Салах не треба да биде стартер на секој натпревар, со оглед на формата во која се наоѓа. Мора да играат Исак и Вирц бидејќи потрошија многу пари на нив“, рече Карагер.
Ливерпул е четврти во лигата со 15 бода од осум натпревари, четири зад лидерот Арсенал.
Foto/ EPA
Спорт
Потер официјално е селектор на Шведска

Англискиот тренер Греам Потер (50), кој неодамна беше отпуштен од Вест Хем, експресно најде работа. Потер е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Шведска.
Фудбалската асоцијација на оваа скандинавска земја официјално потврди дека Потер е новиот селектор на репрезентацијата на „трите круни“. Тој ќе го наследи Јон-Дал Томасон на таа позиција, кој неодамна беше отпуштен поради лоши резултати.
Шведска моментално е последна во квалификациската група за Светското првенство, зад Словенија, Косово и Швајцарија.
Во четири натпревари, Шведска не победи на ниту еден натпревар, освои само еден бод.
Потер ќе се обиде да ја поправи ситуацијата и да ги врати Швеѓаните на вистинскиот пат.
И покрај минималните шанси низ квалификациите да се пласира на Мундијалот, Шведска сепак ќе има втора шанса да ја постигне својата цел, ќе игра плеј-оф како една од најдобро пласираните репрезентации во Лигата на нации (беше прва во Групата Б).
Потер, во јануари го презеде Вест Хем, не импресионира со резултатите. Под водство на Потер, тимот од Лондон забележа пет порази во шест натпревари на почетокот на сезоната. Вкупно, тој има само шест победи во 23 натпревари со Вест Хем.
Сепак, тој има добар углед во Шведска, бидејќи го водеше Остерсунд до највисоко ниво три пати во седумте сезони додека беше во тој клуб.
Својот најголем успех го постигна во 2017 година со освојувањето на Купот на Шведска.
Спорт
Дајч ќе седне на клупата на Нотингем Форест

Фудбалскиот клуб Нотингем Форест е блиску до ангажирање на нов менаџер.
Англиските медиуми пишуваат дека главен кандидат за клупата на „Шумарите“ е Шон Дајч.
Форест го отпушти Ангелос Постекоглу по поразот од Челзи во саботата попладне (3:0).
Постекоглу помина само 39 дена на таа позиција откако го замени Нуно Еспирито Санто.
Тој не победи на ниту еден натпревар и со тоа го заврши најкраткиот мандат во историјата на Премиер лигата.
Сè се движи брзо и се очекува поранешниот стратег на Барнли и Евертон да биде на клупата веќе во четврток за натпреварот против Порто во Лигата на Европа.
Пред Дајч, Форест разговараше со Роберто Манчини, а се разгледуваше и Марко Силва од Фулам, но клубот не сакаше да ја плати неговата откупна клаузула од 10 милиони фунти.