Македонија
Државна лотаријa додели уште еден автомобил BMW X1

Државна лотарија продолжува да ниже среќни приказни кои ги раскажуваат нашите најсреќни добитници. Еден од нив е и Валентин Христовски од Битола со кого се запознавме и му ги предадовме клучевите од прекрасниот BMW X1.Валентин, пресреќен, ни ја раскажа својата среќна приказна пред салонот за автомобили М – Кар каде што Маријана му ги предаде клучевите од автомобилот.
Имено, Валентин е голем обожавател на автомобили „бе-ем-ве“ и мотори и тоа е главната причина што инстант-лозот Мини и Макси му е омилен од инстант-лотаријата на Државна лотарија. Тој со својата сопруга купува секојдневно по неколку лоза, но неколку денa пред да го купи добитниот лоз, како што ни кажа, чувствувал дека ќе се случи нешто големо.
Од среќното продажно место „Вагабонд“, на Широк Сокак во Битола купиле неколку лоза Мини и Макси, како и секогаш, надевајќи се на главната добивка, но овој пат биле во право. Еден од неколкуте лоза ги открил трите симболи на „бе-ем-ве“ кои означуваат само едно – главна добивка.
Во семејството Христовски на среќата и немало крај. Иако, веќе имаат автомобил, Валентин вели дека отсега со задоволство ќе го вози новиот BMW X1 затоа што за еден месец очекуваат принова во семејството, па овој автомобил доаѓа во вистинско време поради неговиот комодитет.
Среќниот добитник замина за Битола со новиот автомобил, но вети дека ќе продолжи да ги игра игрите на среќа на Државна лотарија затоа што тоа е омилена забава во семејството, а со среќата никогаш не се знае.
Играчите на Државната лотарија ги очекуваат уште автомобили од инстант лозот Мини и Макси, кои ќе ги раскажат своите среќни приказни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.