Црна хроника
Напаѓач со нож рани 20 ученици во САД

Најмалку 20 средношколци се повредни во училиште во гратчетп Марисвил на 25 километри од Питсбург, во американската сојузна држава Пенсилванија, откако со нож ги нападнал соученик кој набрзо потоа е уапсен.
Претставници на локалните власти изјавиле дека во нападот во средното училиште „Franklin Regional” во гратчето Марисвил потешко се повредени четири ученици, но за среќа нивните животи не се загрозени.
Меѓутоа, телевизиската мрежа ABC повикувајќи се на болнички извори објави дека неколкумина од учениците се здобиле се рани опасни по животот, но дека се очекува оти ќе преживеат. Исто така, се наведува дека една од жртвите којашто е хоспитализирана е на 60-годишна возраст, но е познато дали станува збор за вработен во училиштето.
Осомничениот за нападот, чиј идентитет полицијата не го открива, бил набрзо совладан и уапсен и предаден на испитување. Мотивите за нападот засега не се познати.
Локален функционер изјавил дека повредените се на возраст меѓу 14 и 17 години, како и дека повеќето имаат убодни рани во екстремитетите. /крај/фм/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Косовски државјанин приведен на Блаце: бил со италијански фалсификувани документи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 24 април веднаш по полноќ, на граничниот премин Долно Блаце при влез во државава, употребил како вистински лажни исправи – италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола.
Бил задржан кога на пасошката контрола ги приложил лажните јавни исправи, а надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство, соопшти обвинителството.
Црна хроника
Скопјанец измамен за 23.000 евра – мислел дека помага да си го вработи внукот, налетал на измамник

Во полицијата пријавен случај на измама со лажно вработување.
Измамен е 65-годишен скопјанец, од кого, спроред пријавеното, измамникот успеал да земе 23.000 евра.
Скопјанецот во неколку наврати му ги дал парите, за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното.
Од МВР велат дека се преземат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Две жени натепани од поранешните партнери во своите домови

Две жени вчера во Скопје биле нападнати од страна на нивните поранешни партнери.
Во првиот случај, 51-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18 часот во домот била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(49).
Неколку часа подоцна, 31-годишна жена од Битола, со престој во Скопје, пријавила дека пред нејзиниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Р.К.(34) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.