Македонија
Арсовски: Зоран Заев треба да одговара бидејќи е дел од случајот „Рекет“
Зоран Заев треба да одговара бидејќи е дел од случајот „Рекет“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој обвини дека Заев е директно инволиран во овој случај, но обвинителството и судството го штитат.
ВМРО-ДПМНЕ бара од МВР и Јавно обвинителство веднаш да отворат случај против претседателот на СДСМ за сторено кривично дело – прикривање и помагање во сторување кривично дело.
„Бараме МВР и Јавното обвинителство да почнат вештачење на телефонот на Зоран Заев при што веруваме и сигурни сме дека таму ќе се разоткрие целата шема за рекетирање на бизнисмени во Македонија во висина од над 20 милиони евра. Зошто Зоран Заев молчел од 3-ти април кога го предупредил Бојан Јовановски алијас Боки 13 дека го следат обвинители и служби од странска земја и молчел дури до 22 април? Со тоа свесно му дал простор на Бојан Јовановски и останатите да прикријат докази и да губат телефони и да работат во нивна полза. Впрочем сите се сеќаваме на еден исказ каде Бојан Јовановски самиот кажа дека Зоран Заев го предупредил за истото. Очигледна е спрегата помеѓу Заев, Рускоска и обвинетите. Со едната мести судски пресуди и заташкува случаеви, со другите мести случаеви во СЈО, со третите и четвртите рекетира и одработува останати работи“, рече Арсовски.
Тој додаде дека допрва граѓаните ќе дознаваат за шемите на рекетирање на Зоран Заев и СДСМ, на Ден Дончев заедно со врвот на власта и СДСМ, како и многу други блиски до семејството Заеви и СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.
Македонија
Ѓорѓиевски: Доста беше мрак, време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со покана до скопјани и гостите на главниот град за како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“.
По подолг период, Скопје повторно ќе пулсира во знакот на радоста и врвната музичка забава, со богата програма што ги обединува сите генерации и ја враќа празничната магија во срцето на градот, истакнуваат од Град Скопје.
„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?
Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот „Македонија“ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот.
Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски.
Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.
Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
Почитувани скопјани, доста беше мрак.
Време е за заедништво и за радост.
Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани.
Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации.
Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува.
Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови.
Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава.
Се гледаме“, напиша на социјалните мрежи скопскиот градоначалник.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица), поради сообраќајна несреќа во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан
Поради протест на грчките земјоделците, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

