Црна хроника
Полицајци наместо на работа оделе во странство
Полицајци вработени во полициската станица за граничниот премин Јажинце во службените евиденции внесувале податоци за неизработени прекувремени часови, додека приватно биле во странство.
Поради прикажувањето на фиктивно работно време, СВР Тетово до основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пет полицајци кои ја злоупотребиле службената положба. Полицајците го оштетиле буџетот за повеќе од 5.000 евра.
Нивни колеги извршиле проверки во интерните евиденции на полициската станица, како и разговори со повеќе вработени.
Од извршениот увид во списокот за евиденција за работни часови, е утврдено дека се внесувани невистинити податоци за неизработени работни часови ноќе, викенд часови, празнични часови, работни часови за време на годишен одмор, како и часови во сменско работење.
За ова знаеле и тоа го дозволиле помошникот командир и командирот на полициската станица./крај/со/кисс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

