Контакт

Манифестации

Васил Хаџиманов вечерва настапува во Битола

Објавено пред

Во разновидниот програмскиот концепт на традиционалната културна манифестација Бит фест 2015, во вторник во 21 часот на централниот битолски плоштад „Магнолија“, ќе настапи реномираниот музичар од македонско потекло Васил Хаџиманов.

dobivaj vesti na viber

Во изминатава повеќе од деценија и половина, Васил Хаџиманов и неговите музичари неуморно и со голем успех ја свират својата музика на концерти и џез фестивали, ширум Србија, но и во Европа и светот: Belgrade Enter Fest (настап пред Joe Zawinul), Белградски Jazz Fest, Нови сад Jazz Fest, Ниш, Валјево, Крагуевац, Крушевац, Кралјево, Лесковац, Подгорица, Цетиње, Никшиќ, Будва, Котор, Улцињ, Бања Лука, Сараево, Мостар, во Словенија Maribor Lent Fest, Cerkno Jazz Fest., Ново Место, Љубљана, Копер. Во Хрватска Opatija Jazz Fest, Пула, Пореч, Ѓаково, Чаковец, Загреб, Benefit koncert (Берлин – Германија), Porgy and Bess jazz club, Joe’s Birdland, Balkan Fever Fest (Виена – Австрија), Bratislava Jazz Days (Словачка), Polichka Jazz Fest (Чешка), EXPO 2006. Aichi, Nagoya (Јапонија), Jazzycolors Fest (Париз – Франција), Teatro miela-solistički koncert, Трст (Италија), Pecs Jazz Fest, Будимпешта (Унгарија). Во Македонија во Скопје на Skopje Soul and Blues Fest, во Куманово Jazz Fest, Охрид, Кавадарци, Ресен, Битола и повторно вечерва во Битола на Бит фест.

Васил за нивната музика вели дека е fusion/ џез музика со силно балканско влијание, објаснувајќи дека имаат слобода да екпериментираат и музицираат без условување, зашто тие не се ниту jazz bend, ниту world, ниту etno, ниту што и да е друго. Васил Хаџиманов настапува и во триото „Свети“ заедно со тапанарот Марко Ѓорѓевиќ и гитаристот Марко Тријиќ. Триото „Свети“ го претставуваат како своевидна „креативна демократија“, во која авторски партиципираат сите членови на групата. Нивниот заеднички израз е емотивно впечатлив, спонтан, допадлив и оригинален.

Манифестациајта Бит фест полека се приближува кон своето финале, во вторник ќе сео одржи на Широк сокак и позната „Трка на штикли“, а во среда е концертот на македонската дива Калиопи./крај/мф/аш

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Седумгодишно дете и уште три лице се изгубија на патот од Кожле кон Велес

Четири лица планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно опасно место за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно...

Македонија15 часа

Смрдеа затвори дел од салите за операции во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Претставник на Министерството за здравство бил сослушан во скопското Обивнителство, а по него според неофицијални информации следуваат директорите на хирушките...

Топ16 часа

При контрола на угостителски објекти за дрога се приведени девет лица

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера по план на СВР Скопје ивршија контрола во повеќе...

Регион18 часа

Ден посветен на Данка Илиќ: Центарот за исчезнати и малтретирани деца празникот го посвети на девојчето од Бор

Центарот за исчезнати и малтретирани деца денеска, Меѓународниот ден на исчезнатите деца, го посвети на двегодишната Данка Илиќ од Бор,...

Македонија21 час

Ангелов бара пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир (ВИДЕО)

Граѓаните на скопската населба Аеродром Центарот имаат потреби кои беа упатени до Центарот за убправување со кризи (ЦУК), а кои...

Македонија1 ден

Поради реконструкција, без вода жителите на Водно, Козле, Клиничкиот центар, а во Сарај ќе има намалување на притисокот на водоснабдување

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат за пуштање на употреба на нова водоводна мрежа во реоните Сарај и Центар. ЈП...

Македонија1 ден

Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани од височините на Осоговските планини

Денеска, во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК добил известување дека неколку лица...

Македонија1 ден

Сиљановска Давкова со италијанскиот претседател Матарела: побарани гаранции за европските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела. На...

Свет2 дена

Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека мировните преговори во Украина мора да се обноват, но дека Москва ќе соработува...

Свет2 дена

Судот во Хаг му нареди на Израел да ја прекине офанзивата на Рафах

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска одлучи дека Израел мора веднаш да ја прекине воената офанзива и другите дејствија во...

Македонија2 дена

Ахмети: Да работиме заедно за правилно образование на генерациите, во духот на меѓусебното почитување

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со објава на својата Фејсбук страница го честиташе 24 мај – Денот на светите браќа...

Македонија2 дена

Мицкоски: За скоро време ќе имаме нова влада, следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати

Првенствено ќе се посветам на она што најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот...

Македонија2 дена

Левица: Аманет да си го браниме јазикот од сите напади, денес ги има повеќе од било кога

Значајни за Македонија, но и за останатите словенски народи, Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост имале единствена мисија: да...

Топ2 дена

Загина 76-годишен маж: со тракторот се превртел на патот во Кочанско

Вчера во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор...

Европа2 дена

Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната и додаде...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Тие се наш патоказ за иднината

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Од...

Регион2 дена

Претседателката на Косово: Негирањето на геноцидот нема да го отвори патот за мир

Косовската претседателка Вјоса Османи на X се осврна на усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Османи вели дека со...

Свет2 дена

Дали имало траги од куршуми на хеликоптерот? Објавен е прелиминарен извештај за падот на авионот на иранскиот претседател

Трупот на хеликоптерот на починатиот претседател на Иран, Ебрахим Раиси, се запалил откако удрил во рид, се наведува во прелиминарниот...

Свет2 дена

САД воведува визни ограничувања за Грузијците: „Вреди за оние кои ја гушат демократијата“

Соединетите Американски Држави денеска објавија нова политика на визни ограничувања за жителите на јужнокавкаската република Грузија, откако тамошната влада го...

Европа2 дена

Пукање во Истанбул: расправија во кафуле прераснала во вооружен судир, има убиени и повредени

ТРИ лица загинаа, а пет се повредени, од кои две потешко, во пукотница што се случи синоќа во кафуле во...