Црна хроника
Во два одделни случаи нападнати полицајци
Во петокот, во Скопје и во Крива Паланка, физички биле нападнати полицајци, соопшти МВР.
Во петокот, во Скопје и во Крива Паланка, физички биле нападнати полицајци, соопшти МВР.
Имено, околу 21.30 часот во Скопје на бул.„Гоце Делчев“ во ТЦ-Мавровка, при обид на полициски службеници да го утврдат идентитетот на С.К.(19) од Скопје, тој физички ги нападнал удирајќи полициски службеник со тупаница во пределот на стомакот.
Приведен е и по целосно расчистување и документирање на настанот против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, околу 22.15 часот во Крива Паланка на бензиска пумпа , по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир полициски службеници пошле на местото на настанот, при што браќата Д.Ц.(23) и Д.Ц.(21) двајцата од Крива Паланка, најпрвин започнале да ги омаловажуваат и да им упатуваат закани на полициските службеници, а потоа и ги нападнале.
Дваесет и тригодишниот го фатил едниот полицискиот службеник за врат и го турнал, додека дваесет и едногодишниот го турнал другиот полициски службеник во пределот на градите.
По целосно документирање и расчистување на настанот против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

