Европа
Градоначалникот го осуди судирот меѓу бегалците и граѓаните во германски Бауцен
Градоначалникот на Бауцен, град во германската сојузна земја Саксонија, остро ја осуди во четвртокот масовната тепачка меѓу бегалците и граѓаните, за коишто се вели дека се наклонети на крајната десница, којашто изби на градскиот плоштад претходната ноќ.
„Станува збор за едно ново ниво на судир. И досега доаѓаше до меѓусебни провоцирања и ситни конфликти, но ова е нешто ново“, изјави во четвртокот градоначалникот на Бауцен, Александар Ахренс.
Појасни дека веќе со седмици на еден градски плоштад „постојат проблеми“ со младите беглаци, но истакна дека не смее да се дозволи Бауцен да стане поле за дејствување на десните екстремисти. „Го осудувам насилството, независно од тоа кој е одговорен. Тоа нема да го толерирам“, рече Ахренс.
Полицијата соопшти дека меѓу дваесетината млади имигранти и околу 80 граѓани на главниот плоштад дошло до отворен судир откако група жители, главно припадници на десно-екстремниот спектар, провоцирала и нападнала млади баратели на азил, кои на тоа место се собираат со седмици наназад. Жителите извикувале дека градот им припаѓа ним и ја истакнале паролата „Wir sind das Volk“ (Ни сме народот) која во последниот период се користи на антидоселеничките протести.
Околу стотина полицајци се обиделе да ги раздвојат судрените групи. Испровоцираните имигранти, како што се соопштува, прво врз полицијата фрлале шишиња и штици, а потоа откако бил употребен солзавец се повлекле во блискиот центар за нивно сместување кој потоа го обезбедувала полицијата. Се најавува дека полициските мерки во градот ќе бидат засилени.
И претходно во Бауцен се случуваа насилства поврзани со десните екстремисти и бегалците. Во февруари толпата спречи гаснење на подметнат пожар во еден центар за сместување на бегалците, а еден месец подоцна таму беше нападнат и германскиот претседател Јоаким Гаук кој се залагаше за толеранција кон бегалците./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нов напад на Киев, фрагменти од руски дронови паѓаат врз детска клиника
Делови од соборените руски беспилотни летала доцна синоќа погодија згради во два киевски квартови, при што е повредено едно лице, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални власти.
Сликите на урнатините расфрлани внатре и надвор од педијатриската клиника во градскиот кварт Днипровски, на источниот брег на реката Днепар, беа објавени на апликацијата за пораки Телеграм.
Обезбедувањето на зградата е пренесено во болница, а оштетени се и соседните згради.
🚨🇷🇺🇺🇦
Breaking NewsRussian drone strike and damaged a clinic in the Dniprovskyi district of #Kyiv. There is also damage to neighboring buildings.#Ukraine #UkraineWar #UkraineRussiaWar️️ pic.twitter.com/gDegIFyfSf
— World Crisis Tracker (@WorldCrisi19621) November 28, 2024
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, истакна дека остатоците од дронот ја погодиле инфраструктурата во областа Свијатошински на западниот брег на реката.
Воздушната тревога траеше повеќе од еден час.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.