Црна хроника
Приведени 19 лица за време на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за другите земени се податоци за што ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, во однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема, т.е. заштитни маски, евидентирани се 17 лица што ја прекршиле оваа мерка. На територијата на државата за изминативе 24 часа на 18 лица им се издадени решенија за изолација, а 66 лица потпишале изјави за самоизолација. Од извршените контроли од страна на полициските службеници не се евидентирани лица што не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Четирицикл се преврте во Тетовско: две лица повредени

Вчера во 17:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Синичане, општина Боговиње, четирицикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.К.(31) од Тетово, се превртел на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.С.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се судрија трактори во Скопско: пет лица повредени

На 31.08.2025 во 08:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Булачани– с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор „имт“, управуван од В.Р.(35) и трактор „имт“, управуван од М.Р.(31), двајцата од с.Љуботен, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Е.С.(46) од истото село, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со закани за животот, изнудил над 300.000 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(28) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „изнуда“.
Во период од октомври 2024 до 20.06.2025, пријавениот со закани по живот, во неколку наврати изнудил пари од оштетениот, нанесувајќи му вкупна штета од 356.000 денари.