Црна хроника
МО и ГШ на АРМ негираат дека избил пожар каде што се чуваат доверливи документи
Министерството за одбрана(МО) и Генералштабот(ГШ) на АРМ негираат дека избил пожар во соба во ГШ каде што се чуваат сите документи на вработените во Министерството и документи означени како „строго доверливо“ и како „државна тајна“.
Од ГШ на АРМ за Макфакс потврдија дека имало пожар, но не во просториите на Генералштабот, туку во канцеларија на Министерството за одбрана.
Од Министерството за одбрана исто така потврдуваат дека имало имало некој проблем со електричната инсталација од која настанал пожар, но со многу мала штета. Од таму негираат дека тоа е канцеларија каде се чуваат доверливи документи и најавија соопштение до јавноста за овој случај.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека во среда утрото добиле известување за пожар во простории на Министерството за одбрана.
Порталот мкд.мк во среда објави дека избил пожар на шестиот кат од зградата на Генералштабот, и тоа во собата на главната благајна, каде што се чуваат сите документи за исплати и уплати врз основа на аванси, дневници за учество во странски мисии, каде што се сите податоци за планираниот и потрошен буџет на МО, каде што ги има сите каса–прими и други трансакциски финансии на МО, сите потврди на вработените во Министерството за нивните барања за кредити по банките и потврди за напишаните висини за нивните плати при аплицирањето. Некои од нив се означени како „строго доверливи“, а некои од нив како „државна тајна“.
Според изворите на порталот, пожарот, пламнал во среда во шест часот утрото, а веќе во десет часот на шестиот кат од ГШ на АРМ работеле екипи, кои поставувале нова електрична инсталација, но интервенирале и на менување на звучниот аларм во случај на пожар.
Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ се наоѓаат во иста зграда./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

