Црна хроника
„Се слушна силен татнеж по што автобусот почна да гори“, раскажуваат очевидци

„Се слушна силен татнеж, по што автобусот почна да гори“, раскажуваат очевидци на пожарот што се случи изутринава во приватен автобус кај железничката станица во Скопје.
Во пожарот целосно се јагленисани седиштата и воланот, а стаклата на прозорците и вратите се испукани.
Според кажувањата на очевидци на несреќата, само што пристигнал на Транспортен центар и се симнале патниците, се слушнал силен татнеж и автобусот почнал да гори.
Станува збор за приватен автобус со број 45, кој сообраќа до населбата Ченто.
Ниту возачот на автобусот не е повреден, кој непосредно пред избувнувањето на пожарот излегол од автобусот. Пожарот е ставен под контрола од страна на екипа на Противпожарната единица на Град Скопје, која го гаснела со две возила. За материјалната штета и причините, ќе истражува МВР, чија екипа беше на местото на несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен возач кој удри велосипедист во Скопје

Полицијата го приведе Б.Џ. (51) од Скопје кој денес околу 11.40 часот на улицата Лазар Личеновски во Скопје со патничко возило „тојота“ со бугарски национални ознаки удрил во модифициран велосипед со три тркала управуван од Р.У. (37) од Скопје.
Р.У. е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „8 Септември“, а Б.Џ. е лишен од слобода, привремено му е одземено и возилото а против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Земале пари за патни трошоци а не патувале: кривична против десет полициски службеници од ЕБР

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 1.098.120 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја демнел поранешната партнерка и упатувал закани кон неа и нејзиното дете

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.М.(38) од Кочани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „демнење“.
После прекинувањето на врската, пријавениот продолжил телефонски да ја вознемирува неговата поранешна партнерка и да и испраќа пораки на неа и на нејзиното дете.