Црна хроника
Во Гостивар украден накит вреден 25.000 евра, десет икони од црква во Волковија
Министерството за внатрешни работи во саботата информираше за нов случај на ограбување црква во атарот на селото Волковија, како из а тешка кражба која била извршена во куќа во Гостивар од која е украден златен накит проценет на 25.000 евра
Во петокот околу пладне на улицата „Илинденска“ во Гостивар непознат сторител извршил тешка кражба во куќа сопственост на 41-годишниот Е.Р., при што од сеф одзел златен накит во вредност од 25.000 евра.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од гостиварската полиција, и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МВР извести и дека во периодот од 15-ти декември до 1-ви јануари во месноста Чука, атар на селото Волковија, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во црквата „Свети Ѓорѓија“, при што е одземено околу 3.000 денари и 10 мали икони од различни светци.
Засега непознатиот сторител преку покривот на црквата влегол во камбанеријата и преку незаклучената врата по скали влегол во црквата и од ѕидот ја откорнал касата, по што извршил пребарување и претурање по фиоките по што ги одзел наведените работи и го напуштил местото на настанот.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

