Македонија
Владата од Пендаровски ќе бара ново продолжување на вонредната состојба

Владата ќе побара од претседателот на државата, Стево Пендаровски, по истекот на вонредната состојба в сабота, тој одновно да ја прогласи на целата територија на државата. Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека препораката е поради повеќе причини, но конечната одлука ќе ја донесе претседателот Пендаровски по утрешниот состанок со Советот за безбеднсот.
„Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба поради повеќе причини за да имаме механизми во однос на имплементирање препораки и во периодот што следува“, рече Филипче.
Претседателот на државата претходно рече дека ако состојбата со коронавирусот се смирува, тој двапати ќе размисли дали ќе прогласи нова вонредна состојба, трет пат.
„Важно е прогласувањето на вонредната состојба бидејќи некои од мерките што ги препорачуваме важат само за време на вонредната состојба. Многу е важно тие да важат и понатаму. Важно е да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми. Во однос на рестрикцијата на движењето, уредбите што важат и така натаму. Сè уште е важно да имаме инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести практично може да се имплементираат преку Владата“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на јазиците, институцијата која има клучна улога во надзорот и спроведувањето на правото на службена употреба на албанскиот јазик“, велат од ДУИ.
„Инспекторите на оваа институција, веќе повеќе од четири месеци немаат добиено плата. Тие се оставени без социјално и здравствено осигурување, без елементарна безбедност за себе и за своите семејства.
Ова не е само социјална неправда – ова е намерна стратегија за уништување на институцијата, со цел да се натераат обучените и лиценцирани инспектори да ја напуштат својата работа, а со тоа да се парализира системот на контрола.
Оваа акција е само една етапа од поширок, координиран напад врз статусот на албанскиот јазик во Република Северна Македонија.
• Најпрво беше одземена независноста на Инспекторатот, ставајќи го под надлежност на Министерството за правда, со што институцијата беше ставена во политичка зависност.
• Потоа следеше системско игнорирање на законот од страна на институциите,
• Министерствата, јавните претпријатија и нивните веб-страници се исчистени од содржини на албански јазик,
• А сега, се удира и по самата институција која е формирана да го штити законот.
Истовремено, Уставниот суд го разгледува Законот за јазиците под притисок, со можност да се поништат неговите клучни одредби.
Ова не е случајна негрижа. Ова е смислена операција за демонтажа на целиот систем изграден околу службената употреба на албанскиот јазик.
Ова е момент што не трпи молк. Секој што молчи денес, ќе биде соучесник утре.
Нашиот повик е до сите – без разлика на етничка припадност, политичка ориентација или позиција во општеството. Претставници на граѓанскиот сектор, граѓани, интелектуалци, медиуми, меѓународни партнери – сега е времето да се крене гласот.
Албанскиот јазик не е симболика. Тој е уставно право, еднаквост, мир и достоинство“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. 103 – Волково во близина на кружниот тек во Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 100 и 21 во село Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Сопиште (ул. 14 и ул. 16 кај Св. Мина) во општина Сопиште.