Европа
Берлинската полиција спроведе акција против арапски криминален клан

Полицијата во Берлин изврши претрес на неколку објекти поврзани со организиран криминал од страна на арапски клан, соопштија берлинските власти.
„Претресот беше извршен под сомнение за кривични дела нелегална трговија со дрога и нелегално поседување оружје“, соопшти полицијата во Берлин за операцијата во која учествувале приближно 200 полицајци.
Акцијата е насочена против арапски клан чии криминални активности со години биле во центарот на вниманието на јавноста во Берлин, но и во други делови на Германија, како што е областа Рур, каде што е присутен клански организиран криминал на арапски имигранти од Либанон.
Членовите на овие семејства се осомничени, меѓу другото, за спектакуларни грабежи на накит од луксузната стоковна куќа „Ка-де-ве“ во Берлин и кражба на златна монета од 100 килограми од музејот „Боде“ во Берлин.
На ова арапско семејство, по потекло од Либанон, му се одземени 77 стана во Берлин пред две години, во вредност од 9 милиони евра, под сомнение дека зад нивното купување стои перење пари.
Во 2018 година берлинскиот Сенат донесе план за систематска борба против организираниот криминал со кланска заднина во Берлин.
Станува збор за неколку големи семејства што дојдоа во Германија како воени бегалци кон крајот на 70-тите и во меѓувреме создадоа паралелни структури, кои се истакнуваат со негирање на германските власти и закони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин