Македонија
(Видео) Попова: Најскапиот тревник во светот скопјани ќе ги чини неверојатни 530 илјади евра
Ова зад мене е најскапиот тревник во светот. Овој тревник заедно со содржините на него скопјани ги чини неверојатни 33 милиони денари, односно над 530 илјади евра. Оваа трева не е златна, ниту се златни содржините на него, а скопјани ги чини цели 530 илјади евра, што значи дека еден квадратен метар трева чини 6.600 денари, односно 110 евра, обвини Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.
„За илустрација, со 530 илјади евра може да се изгради монтажно училиште или, пак, амбуланта, какви што им се потребни на скопјани. Овој тревник чини 110 евра за квадратен метар, а квадратен метар за градба на училиште, на пример, изнесува 70 евра. Сето ова отвора сомнеж за корупција и криминал. Петре Шилегов стои зад најскапиот тревник во светот, а гледаме дека, освен зелена трева, клупи и дрворед, нема ништо атрактивно.
Шилегов плаќал како да купува злато, а има само зелена трева, најскапиот тревник во светот скопјани ќе ги чини неверојатни 530 илјади евра.
Се поставува прашањето во чии џебови отидоа парите од толку скапиот парк, кој, веројатно, ќе влезе во Гинис и тоа не само како најнефункционален парк бидејќи се наоѓа на самиот плоштад, туку и како најскап парк во светот“, истакна Попова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

