Регион
(Видео) Се чека одлука за притворот на епископот Јоаники и свештениците

Судијата за истраги во Основниот суд во Никшиќ денеска одлучува дали епископот Јоаники и осуммина свештеници на СПЦ да останат во притвор, пренесува „Б92“.
Судијата одлучува дали ќе им биде одреден притвор од 30 дена или ќе ги ослободат да се бранат од слобода.
Владиката и свештенството се сомничат дека ги прекршиле мерките што ги донело националното координативно тело заради спречување на ширењето на коронавирусот.
Пред судот се собра народ како поддршка за Јоаники и свештениците. Таму се и монахињи од манастирот „Свети Лука“ од Жупа и митрополитот Амфиохие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Ако бил употребен звучен топ, јас повеќе не сум претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ повтори дека неговата земја е изложена на „месеци на терор“ и ги нарече разговорите меѓу лидерите на САД и Русија голем чекор кон мирот, пренесува Анадолија.
По разговорот меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп за Украина, српскиот претседател изјави дека мисли дека „ние сме далеку од мир“, иако најавата за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура ја оцени како позитивна.
„Ова е исто така огромен чекор и му честитам на претседателот Трамп за тоа“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека се надева оти разговорот меѓу претседателите на Русија и САД ќе доведе до траен мир.
„Немам извори ниту во Кремљ, ниту во Белата куќа со кои сум разговарал, само она што сум можел да го прочитам. Мислам дека сме далеку од мир, но добро е да се зборува за тоа“, рече Вучиќ додека гостуваше на Пинк.
Тој ги нарече протестите во Србија „месеци на теророт“. „Однадвор сме нападнати од обоена револуција. Ова се месеци на вонинституционален терор во Србија. Незапамтен терор во поновата историја на Србија“, рече тој.
Тој рече дека е многу важно да се разбере „што се случува во Србија“. Тој ги спореди протестите во Србија и Унгарија, наведувајќи дека тоа се протести против неколку „слободарски лидери“. Зборувајќи за наводите за употреба на звучен топ на масовните антивладини протести на 15 март во Белград, Вучиќ нагласи дека „такво нешто во Србија не постои“.
„Ако бил употребен звучен топ, јас повеќе не сум претседател“, рече тој.
Тој најави дека во Брисел ќе разговара со лидерите на НАТО и ЕУ за ситуацијата во Босна и Херцеговина со цел да се намалат тензиите. Тој смета дека апсењето на лидерот на ентитетот Република Српска, за кого Обвинителството на БиХ побара приведување, би било „вистинска катастрофа“.
„Мораме да се занимаваме со зачувување на мирот и стабилноста“, заклучи тој.
Македонија
Заводот за трансфузија во Белград: Има доволно крв за повредените во пожарот во Кочани

Како што истакнуваат од српскиот Завод за трансфузија на крв во Белград, резервите на крв во моментот се стабилни и доколку има потреба од трансфузија кај пациентите што беа повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а кои беа пренесени во Белград и моменно се на Ургентниот центар на КЦС, ќе бидат згрижени.
„Кога станува збор за повредените во пожарот во Кочани, што се однесува до крвта, тие се згрижени. Би сакала да забележам дека за такви повреди крвта не е од суштинско значење за лекување. Се разбира, никогаш не се знае како ќе се одвива текот на лекувањето и важно е да се напомене дека резервите на крв во овој момент се стабилни“, изјави Мирјана Кнежевиќ од Институтот за трансфузија на крв.
Како што наведе таа, Заводот за трансфузија на крв во моментот има резерви од четири дена, што е добра состојба, но дарувањето крв не треба да престане бидејќи секојдневно се потребни крводарителите.
„Вчера, во просторијата на Заводот за трансфузија на крв имаше уште неколку доброволни крводарители, но бидејќи тоа не е пресудно за повредените пациенти од Кочани, нема потреба од паника затоа што, доколку има потреба, ќе бидат згрижени во однос на трансфузијата и воопшто не смееме да се опуштиме бидејќи мора да бидеме свесно и одговорно општество и секогаш да имаме стабилни резерви“, нагласи Кнежевиќ.
Регион
„Во такви моменти нема граници – само човечка болка, жалиме со нашите браќа Македонци“, бугарските партии изразија сочувство

Бугарските политички партии изразија сочувство до браќата Македонци на денот на националната жалост, прогласен од министерскиот совет во Бугарија во знак на солидарност со трагедијата во градот Кочани, Република Северна Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 155 беа повредени во пожар во дискотеката „Пулс“ на 16 март, пренесе „Бгнес“.
„Бугарија ја споделува тагата на Северна Македонија по трагичната смрт на 59 лица во Кочани. Во овој тежок момент за нашите најблиски соседи остануваме солидарни во целосна поддршка на македонскиот народ“, соопштија од коалицијата Демократска Бугарија на социјалните мрежи.
Партијата Вазраждане напиша: „Денеска е ден на жалост и солидарност со нашите браќа во Македонија. Господ да ги прости невините млади души!“
И од Има таков народ изразија најискрено сочувство за трагедијата во Кочани. „Ние тагуваме заедно со нашите браќа Македонци“, велат од партијата на Слави Трифонов.
„Денеска, Бугарија е во жалост! Жалиме заедно со нашите браќа и сестри од Кочани и изразуваме длабоко сочувство за семејствата на загинатите во трагичниот пожар. Во такви моменти нема граници – само човечка болка и поддршка што можеме да ја дадеме. Почит кон споменот на жртвите“, стои во ставот на партијата Величие.
Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков, го прогласи 18 март за ден на национална жалост како израз на солидарност со „нашиот најблизок сосед на Балканот – Република Северна Македонија, а во врска со трагичниот инцидент во градот Кочани, во кој загинаа 59 лица, над 150 беа повредени во пожар во дискотека“.
14 од повредените се пренесени во медицинските установи во Бугарија – во Софија, Пловдив и во Варна.
„Во такви моменти најважно е да се покажат навремена емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште жртви“, изјави вчера премиерот Жељазков.
Претходно денеска, шефот на бугарската држава, кој се потпиша во книгата на жалост во Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, најави дека Бугарија може да прифати повеќе жртви доколку на Скопје му треба поголема медицинска помош уверувајќи дека медицинските тимови се подготвени.