Македонија
Османи: Првпат чувствуваме дека сме внатрешно прашање на ЕУ
Во касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром, денеска, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор за распределба на странска помош во земјата, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, во присуство и на амбасадорот на Австрија, Георг Вуцас, денеска ја примија донацијата, која преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, Република Австрија ја обезбеди за нашата земја како поддршка во борбата против Ковид-19.
„Не е првпат земјата да го ползува Цивилниот механизам на ЕУ за поддршка во време на кризи, така беше и пред неколку години кога земјава беше соочена со предизвиците од поплавите, што укажува на функционалноста на Цивилниот механизам како платформа за блиска соработка меѓу земјите од Европа“, истакна Османи, при што посочи дека нашата држава, покрај Европскиот механизам за цивилна заштита, е директно вклучена и во другите заеднички политики на ЕУ за справување со предизвикот на пандемијата, како што се заедничката јавна набавка на медицински средства и материјали; размената на информации и стекнати знаења за справување со коронавирусот; исклучување на земјата од извозните ограничувања за медицински материјали и заштитна опрема, а е вклучена и во Европскиот солидарен фонд за справување со економско-социјалните последици од пандемијата.
„Ова е од исклучителна важност затоа што, покрај заштитата од коронавирусот и справувањето со пандемијата, е показател и на интеграцијата на земјава во европските институции, политики и воопшто во европските текови“, додаде Османи притоа потенцирајќи дека нашиот успех во справувањето со Ковид-19 се должи и на нашата интеграција и поддршка што ја имаме од Европската Унија и земјите членки, поддршка што ќе се прошири и на справувањето со економско-социјалните последици, кои ќе ги дочекаме соодветно подготвени.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена
ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.
„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.
Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.
Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.
Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.
Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.
„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.
СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.
Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.
Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.
Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

