Спорт
Меси можеби знае сè за фудбалот, но за бакнежи не го бива (видео)
Речиси не постои невозможна работа за Лионел Меси на фудбалските терени, но дел од неговите фанови на Интернет беа искрено разочарани од видеото на кое тој страствено се бакнува со неговата сопруга Антонело Рокуцо.
Видеото кое го сними порториканскиот рапер Резиденте стана вирално на Интернет, бидејќи на него има повеќе славни двојки кои се бакнуваат, како Бен Афлек со Ана де Армас, и мексиканскиот боксер Канело Алварез и Фернанда Гомез.
Но, најмногу внимание предизвика бакнежот на освојувачот на шест „златни топки“ со неговата сопруга и дел од фановите посочија дека видеото ги прави да се чувствуваат „непријатно“, како да ги гледаат сопствените родители како се бакнуваат, и се прашуваат дали еден од синовите на Меси го снимаше бакнежот.
Еден фан на Интернет пак, посочи дека поради огромното ривалство со Кристијано Роналдо, сега тој ќе пушти на Интернет секс-лента со неговата девојка Георгина Родригез.
Cristiano gonna release a sex tape with Georgina now ffs pic.twitter.com/OkxguKo3r1
— JB (New Account) (@Goated10EN) May 14, 2020
Who filmed this Mateo or Thiago. I’m sick it’s like watching my own parents kiss I’m so disturbed Messi wtf pic.twitter.com/8r5mLTBSwE
— ???? ????? ♛ (@SadVanandre) May 14, 2020
Уште поинтересно, ова не е првпат квалитетите на Меси како бакнувач да бидат под лупата – бакнежот кој го сподели со сопругата Рокуцо на нивната свадба во 2017 година, дел од фановите го нарекоа, најлош на светот.
Ова е целиот спот на Резиденте, а Меси доаѓа на 1:58 од спотот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Спортистка му напиша на професорот зошто не ја предала задачата: „На Олимпијада сум“
Канадската спортиска во уметничко лизгање, Маделин Шизас, која настапува на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, побарала од професорот по социологија да ѝ го продолжи рокот за домашна задача – со „најдобрата можно изговор“: „На Олимпијада сум!“
На Инстаграм објави скриншот од мејлот што го пратила, со линк за доказ дека е дел од Олимписките игри, и коментар: „LOLLLL, обожавам да бидам студентка-спортист“.

„Професорот сè уште не ми одговори, ама сабота е“, изјавила таа за CBC. И додала: „Искрено, не мислев дека ова ќе стане вирално. Само ми беше смешно.“
Иако признава дека „имала цел ден слободен до 17 часот“, сепак не ја напишала задачата. „Се насобраа обврски“, вели таа.
Шизас има 22 години, студира на Универзитетот МекМастер, и веќе има искуство од Олимпијадата во Пекинг 2022, каде што заврши 18-та во индивидуалната конкуренција.
Спорт
Со титаниумско колено и срце на шампион: Линдзи Вон со последен настап во кариерата
Американската скијачка Линдзи Вон, една од најдобрите алпски скијачки на сите времиња, ќе настапи за последен пат во својата професионална кариера.
Линдзи, која има 41 година, претрпе тешка повреда на коленото непосредно пред почетокот на Зимските олимписки игри, но сепак ќе се појави на стартната линија во недела во 11:30 часот, за своeто последно спуштање.
На „Инстаграм“ таа објави емотивна порака и потврди дека ѝ доаѓа крајот на кариерата:
„Уште еден, последен спуст…
Самото доаѓање на овие Олимписки игри беше патување само по себе – патување во кое некои не веруваа од самиот почеток. Бев во пензија шест години и, благодарение на делумна замена на колено, добив уште една можност да се натпреварувам.
Но, зошто? Сите ми го поставуваат тоа прашање. А мислам дека одговорот е едноставен – затоа што го сакам алпското скијање.
Не се плашам од животот надвор од спортот. Не барам смисла, внимание или пари. Точно знам која сум и од што сум создадена. Јас сум производ на неверојатни родители кои ми покажаа дека трудот и упорноста се исплатат. Мајка ми, која сега бдее над мене, ме научи на силата на позитивното размислување и отпорноста. Татко ми, кој утре ќе биде на трибините со семејството и пријателите, ме научи на вредноста на работата и менталната сила.
Утре ќе стојам на стартната линија знаејќи дека сум силна. Знаејќи дека верувам во себе. Знаејќи дека шансите се против мене – поради годините, затоа што немам преден вкрстен лигамент и имам титаниумско колено – но знаејќи и дека сè уште верувам. А токму тогаш, кога шансите се најмали, обично извлекувам најдобро од себе.
Утре ќе ја возам својата последна олимписка спуст-трка и, иако не можам да ветам добар резултат, можам да ветам дека ќе дадам сè од себе. А без оглед на исходот – јас веќе победив.
Брановите љубов и поддршка што ги добив овие денови беа совладувачки – на најубав можен начин. Ми дадоа енергија и ми помогнаа повеќе од што можам да опишам. Ви благодарам.“ – напиша Линдзи Вон.
Спорт
(Видео) Само Вестбрук е пред Јокиќ на вечната чиста
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ забележа трипл-дабл учинок во победата на Денвер Нагетс над Чикаго (136:120).
Во натпреварот против Чикаго, Јокиќ имаше 22 поени, 17 асистенции, 14 скока, четири блокади и една украдена топка.
Србинот го забележа 182-от трипл-дабл кариерата, во регуларниот дел од сезоната, што го смести на второто место на „вечната“ листа.
Тој го помина Оскар Робертсон, а сега пред него е само Расел Вестбрук (207).
Следната можност за трипл-дабл ќе биде во вторник, кога Денвер го чека Кливленд.
Неговиот просек оваа сезона е импресивен: 29,1 поени, 12,1 скокови и 10,5 асистенции.
Интересно во победата во Чикаго, Јокиќ не беше најефикасен, пред него неа Џамал Мареј со 26 и Тим Хардавеј Џуниор со 23 поени.
Foto/ depositphotos

