Европа
Радикалната левица ќе владее со една сојузна земја во Германија

Радикалната левица Die Linke првпат ќе владее со една сојузна земја (покраина) во Германија – Тирингија, по коалицирањето со социјалдемократите и зелените, соопштија партиите во средата навечер.
Сѐ уште не е позната содржината на договорот меѓу Дие Линке (Левицата), Социјалдемократската партија (SPD) и Зелените, кој треба официјално да биде претставен во четврток на прес-конференција во Ерфурт, главниот град на оваа сојузна земја во поранешна комунистичка Источна Германија, на границата со Баварија.Членството на Левицата и на Зелените траба да го одобрат коалицискиот договор, додека членовите на социјалдемократите од SPD веќе дадоа „зелено светло“ за оваа коалиција.Челникот на Левицата, Бодо Рамелов, треба да ја води сојузната земја Тирингија. Свеченото преземање на должноста е предвидено за 5-ти декември, Ова е првпат партијата Дие Линке, формирана во 2007 година кога настана од сојузот на следбениците на поранешната источногерманска комунистичка партија SED и разочараните социјалдемократи од SPD, да дојде на власт во една германска сојузна земја. Инаку, можноста Левицата да дојде на влас во една сојузна земја го поттикна незадоволството на претседателот Јоаким Глаук и на канцеларката Ангела Меркел, коишто и самите потекнуваат од Источна Германија.Во разговорот за AFP, Рамелов, сепак, изјави дека „не ја претставува Германската Демократска Република (комунистичка источна Германија – DDR)“. „Мојата партија не е носталгична група која би сакала да ја оживее ДДР“, истакна.Радикалната левица, којашто има голем број симпатизери во источните делови на Германија, во минатото веќе учествуваше во некои покраински влади, како што тоа сега е случајот во соседната Бранденбург.На покраинските избори од 14-ти септември, Левицата го освои второто место со 28,2 отсто од гласовите, зад Христијанско-деморкатската унија (CDE) на Ангела Меркел – 33,5 отсто, којашто беше на власт во Тирингија од 1990 година, по првите слободни избори во поранешната ДДР. SPD доби само 12,4 отсто од гласовите, но неговото членство едногласно одлучи да коалицира со Бодо Рамелов и со Зелените./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот в сабота наутро

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи в сабота наутро.
Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.
Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.
Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Европа
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.
Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.
Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.
Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.
Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.