Контакт

Македонија

Мицкоски: Предложивме три датуми за избори за кои се консултиравме со експерти

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со лидерите на политичките партии кај претседателот Пендаровски, кажа дека предложил три датуми за избори, и тоа, 23 и 30 август и 30 септември.

dobivaj vesti na viber

Според него, во тој период, ќе биде намален интензитетот на пандемијата, па изборите ќе можат да се одржат. Мицкоски посочи дека при одредувањето на предлогот се воделе од тоа да биде заштитено здравјето на граѓаните.

„Имајќи ги превид консултациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше со експерти од земјава и странство, предложивме три термини кога цениме дека здравјето на граѓаните ќе биде најмалку доведено до опасност, бидејќи тоа е првата константа која што за сите нас е важна. Тоа се три термини кои не се фиксни, туку едноставно ќе се доближуваме до тие три термини и ќе анализираме ситуацијата. Ги предложивме термините на крајот од август и почетокот на септември, односно 23 и 30 август и 13 септември, како термини за кои цениме дека пандемијата ќе го намали интензитетот, сеуште граѓаните сеуште ќе бидат под определен ризик, но имајќи го во превид актуелното функционирање на институциите и интензитетот на пандемијата, некако тоа конвергираше кон оптимален предлог и тоа денеска од името на ВМРО-ДПМНЕ го предложив. Имаше и други датуми од останатите политички лидери, имаше своевиден ултиматум од страна на Заев, ние под ултиматуми не работиме и не носиме одлуки. Оној предлози кои ги дадовме остануваат за кои цениме дека здравјето на граѓаните најмалку ќе биде доведено во опасност“, кажа Мицкоски.

Тој им се извини на граѓаните, што наместо за превенција и заштита од коронавирусот, сега се зборувало за датуми за одржување на избори.

„Најпрво да им се извинам на сите граѓани, во мое име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, што денеска наместо да зборуваме за мерки за превенција за заштита на граѓаните, ние зборуваме за избори кои би го ставиле во опасност и би го загрозиле здравјето на граѓаните, посебно во ден кога имаме нови 25 или 26 дијагностицирани случаи и уште тројца кои го загубиле нивниот живот. Навистина жалам што наместо да го направиме нивниот живот поедноставен, ние дополнително го оптоваруваме“, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека во текот на лидерската средба се родиле нови правни дилеми, но и потврди дека бил разочаран од извештаите кои ги добил од ДИК, Комисијата за заразни болести и ОБСЕ/ОДИХР.

„Зборувавме околу предизвиците, анализиравме, предлагавме нови датуми, но сето она кое како ВМРО-ДПМНЕ го кажавме, се водеше од фактот како можеме да го заштитиме здравјето на граѓаните, како тоа да не биде доведено до опасност и како можеме да излезе што е можно посериозни во насока на тоа да одредиме дата, а ризиците да бидат минимални. Се родија многу нови правни дилеми, кои што луѓето кои беа присутни ги елаборираа. Она што сакам да го кажам дека ВМРО-ДПМНЕ ја постави дилемата за повторно ажурирање на дијаспората и можноста за гласање, бидејќи се ускратува уставно загарантираното право за лицата кои во меѓувреме од последниот пат до денеска навршиле 18 години да бидат ажурирани и да гласаат. Пред нас ги имавме извештаите кои што морам да признаам дека ме разочараа, а тоа се извештајот од Комисијата за заразни болести, каде во четири точки беше пренесено она што во минатото го имаме слушнато, а тоа се уредбите, дистанцата, да носиме маски и ракавици, прилично неочекувано за мене, иако очекував да бидат повеќе отворени и детални. Тоа што го имаа напишано, го имавме слушано од Заев и неколку политичари. Понатаму, тука беше и дописот на ДИК, кој беше доставен од претседателот Пендаровски, каде што практично беше антиципиран можниот роковник за одржување на парламентарните избори, кој ако се собере се доаѓа до бројката од 35 до 50 дена. Конечно на крај го имавме писмото од ОБСЕ/ОДИХР кои велат, накратко кажано, кажете ни дата ние ќе ви кажеме во колкав обем и колкава мисија можеме да испорачаме“, рече Мицкоски.

Македонија

Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде

Објавено пред

Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.

dobivaj vesti na viber

Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија  потекнува од нашата држава.

„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство  сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.

Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.

МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје

Објавено пред

Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.

dobivaj vesti na viber

„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во

Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија9 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија9 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија11 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија11 часа

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет12 часа

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет12 часа

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија15 часа

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија16 часа

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија1 ден

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија1 ден

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија1 ден

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија2 дена

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија2 дена

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија2 дена

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија2 дена

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет2 дена

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет2 дена

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет2 дена

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...