Македонија
Заев: ВМРО-ДПМНЕ ги одолговлекува изборите со цел да креира политичка криза
По лидерската средба, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го окарактеризира Мицкоски како неодговорен и незрел, потенцирајќи дека досега не видел политичар, толку да се плаши од сопствените граѓани.
Заев нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се одолговлекува економската и здравствената криза, а притоа, да се креира политичка криза, нешто, што СДСМ немало да го дозволи.
„Изборите се утврдени и закажани, а прашањето е дали се има желба за учество или не“, рече претседателот на СДСМ.
Мицкоски не споменал ниту напуштање на владата од страна на неговите министри бидејќи нема избори, посочи Заев, според кого, ВМРО-ДПМНЕ купува време поради страв да се излезе на избори.
„Изборите се утврдени и во моментот согласно вонредната состојба, која завршува на 30 мај, изборите се на 21 јуни. Неодговорноста, незрелоста и мислењето само на партиската фотелја на Мицкоски, во ВМРО-ДПМНЕ, не доведе до тоа да нема договор со консензус. Наместо да се стават интересите на граѓаните на прво место, за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа се партиските калкулации и стравот од изборите. Не сум видел политичар со ваков страв од сопствените граѓани. Политичари кои работат за интересите на сопствените граѓани не се плашат од нив. Однесувањето на Мицкоски е незрело и неодговорно, на штета на граѓаните и државата, како што го видовме во изминатите две и пол години и за време на справување со кризата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да се одолговлекува здравствената и економската криза и да креираат нова, политичка криза. Тоа ние нема да го дозволиме. Имаме одговорност пред граѓаните и државата. На граѓаните им требаат функционални институции со нов мандат, да им служат и да се подготват за новиот бран од корона кризата на есен. Предупредување за нов бран издаде и СЗО. На граѓаните им треба враќање на новото нормално, трансформација на економијата и заштита на здравјето на соодветен начин. Одговорност на политичките партии е да направат се, за да им се обезбеди таа нова нормалност на граѓаните. Во нови услови, согласно препораките и протоколите за заштита, сметаме дека можеме да организираме избори. Техничката влада чија првенствена улога е да организира избори, треба да ги рестартира и предизборните процеси за организирање на фер и демократски избори со целосна заштита на граѓаните“, рече Заев.
Според него, Мицкоски барал Комисијата за заразни болести да гарантира дека на крајот од август и почетокот на септември ќе има нула починати или три до четири заразени, по што Заев потенцираше дека тоа не може никој да го гарантира.
„За жал, не се постигна договор за да се организираат избори во првиот соодветен термин, иако сите податоци и аргументи укажуваат дека се создадени услови и дека сега е вистински момент да се излезе на избори. И тоа, од здравствен и економски аспект, како и демократски аспект. Тоа го потврдуваат и препораките од Комисијата за заразни болести, законските рокови, уставните одредби, како и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Во Комисијата и извештајот кој е доставен, покрај коментари и детали на разработен начин како да се води кампања, но и денот на изборите, има една глава која што вели ‘Предвидување на следниот период’ и вели: ‘Имајќи во предвид дека во овој период сме во фаза кога ги гледаме ефектите од силните рестриктивни мерки, се наоѓаме во последните недели од вообичаеното траење на респираторните епидемии, во фаза која не работат школите и градинките, и имаме затворени граници, состојбата со Ковид-19 ќе потрае подолг временски период, се до пронаоѓање на вакцината’. Затоа велат: ‘Пред нас е период кога треба да научиме да живееме со вирусот. Од друга страна, фактори кои можат да ја влошат пандемијата се отворање на државните граници, патување надвор од државата и враќање на голем број граѓани внатре во државата, но и влез на странци во земјата што се очекува во летните месеци, почеток на новата учебна година и почеток на сезоната на грип што е можна епидемија од сеознски грип’. И заклучуваат: ‘Според ова, како поминува времето, се зголемува ризикот со враќање на пандемијата со втор бран, со зголемување на бројот на пациентите’“, цитираше Заев.
Тој кажа дека одговор е добиен и од ОБСЕ/ОДИХР, кој кажале: „Подготвени сме повторно да се распоредиме за активности поврзани со изборите, штом се утврди датумот за изборите и водејќи се од аспект на патните ограничувања и протоколите поврзани со здравјето“.
Мицкоски на почетокот од неговото обраќање се извини до граѓаните затоа што, наместо за превенција и заштита од коронавирусот, на средбата се зборувало за датуми за одржување на избори, а ова го искоментира и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Прво морам да искоментирам, Христијан Мицкоски се извини затоа што имало лидерска средба. Па негово барање беше лидерската средба. На негово барање беше одложувањето на една лидерска средба, со уште една лидерска средба. Господ да чува и да брани, туку треба да се извини за повеќе работи, вклучително, што ја турка државата во период кога целиот свет очекува нова пандемија, нови бројки, големи проценти на заразеност“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

