Европа
СЗО: Сѐ повеќе адолесценти во Европа имаат психички проблеми

Менталните проблеми стануваат сѐ почести кај младите Европејци на возраст од 11 до 15 години, според студијата објавена од страна на Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО).
Истражувањето се фокусирало на здравјето и социјалното однесување на децата на возраст од 11, 13 и од 15 години од 45 земји, соопшти СЗО.
Тоа покажало дека менталното здравје во многу земји бележи падови во периодот меѓу 2014 и 2018 година.
Нивото на ментално здравје се намалува со растот на децата, покажува студијата, која укажува дека во опасност се особено девојчињата.
Еден од четири адолесценти нагласува дека чувствува нервоза и тешкотии со спиењето барем еднаш неделно, посочуваат од СЗО.
„Зголемувањето на бројот на момчиња и девојчиња во Европа, кои сведочат за нарушено ментално здравје и кои се чувствуваат лошо, нервозно и иритирано, е загрижувачко за сите нас“, коментира регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Анри Клуж.
Студијата била спроведена од Универзитетот во Глазгов во Шкотска и во неа учествувале 220.000 деца од училишта во Европа и Канада.
Во третина од земјите бројот на оние што чувствуваат притисок од училишните обврски е зголемен.
Повеќе од една десетина од испитаниците изјавиле дека биле жртви на малтретирање на социјалните мрежи два месеца пред истражувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин