Македонија
(Видео) Јанушев: Избори во јуни нема да има иако Заев настапува со болен авторитаризам

Зоран Заев остана сам во своите ставови и барања како политичар со намера да жртвува човечки животи за да си ја продолжи партиската кариера, рече на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Заев е исклучително нервозен и изолиран, единствен политичар што не води сметка за човечките животи. Зоран Заев посакува да го однесе народот на гилотина со брзи избори среде пандемија! Обземен од страв од неминовниот изборен пораз, сака да ги жртвува животите на граѓаните само во обид за спас на својата кожа“, истакна Јанушев.
Како што рече генералниот секретар на партијата, нервозата кај Заев е очигледна бидејќи тој знае дека губи и посакува среде најголемата жестина на смртоносната епидемија да организира криминогени избори со мал одѕив.
„Дури и неговите сопартијци знаат дека кризата не е намалена и дека со тоа би се довеле во опасност граѓаните. Само Заев посакува избори и по цена на броење човечки жртви“, рече Јанушев дополнувајќи дека ниту еден од условите за одржување кредибилни избори не е исполнет.
„54 изборни процеси во светот, од кои 21 во Европа, се одложени, само Заев сака избори сега. Тоа повеќе не е ниту хибриден режим, тоа е болен авторитаризам“, истакна претставникот на ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека избори во јуни нема да има и дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи првенствено за здравјето на граѓаните.
Како што рече Јанушев, изборите ќе се случат кога ќе се намали, односно ќе се нормализира здравствената криза и кога ќе се извршат вистински тестирања, кои нема да покажуваат толку голем број на новозаразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.