Свет
(Видео) Супер циклон се приближува кон Индија и Бангладеш, милиони луѓе се евакуирани
Обилни дождови и ветрови ги погодија двете источноиндиски сојузни држави и делови на Бангладеш неколку часа пред да се појави моќен циклон. Спасувачките тимови евакуираа милиони жители.
Надлежните за катастрофи навеле дека со огромни напори од крајбрежните подрачја евакуирале околу два милиона луѓе, а циклонот Амфан се приближува од Бенгалскиот Залив.
Tropical Cyclone #Amphan has rapidly intensified into a Category 5 equivalent. A major storm surge threat is headed for parts of India and Bangladesh#India #CycloneUpdate #CycloneAmphan pic.twitter.com/WyWnOfXZei
— WhatMatters?️ (@sponge_it) May 18, 2020
Одделот за временска прогноза во Индија соопшти дека циклонот би требало да ослабне во екстремно силна циклонска бура.
Индиското сојузно Министерство за внатрешни работи соопшти дека западен Бенгал и соседната држава Одиша се борат да удомат илјадници евакуирани луѓе, а истовремено постојните засолништа се користат како карантински центри за коронавирус.
Дополнителни засолништа се подготвуваат во трговските центри и во државните згради со мерки за физичка дистанца, а на луѓето им се делат маски и шалови.
Но, луѓето се плашат да одат во засолништата да не се заразат со коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

