Спорт
Вујовиќ замина од ППД Загреб

Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на ракометарите на Загреб. Црногорскиот тренер во својот втор мандат во Загреб на клупата на ракометниот клуб се задржа шест месеци.
„Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на ППД Загреб. Од позицијата отстапи од лични причини. Му посакуваме среќа во понатамошната работа. Благодариме Вујо“, стои во клупското соопштение.
Вујовиќ кон крајот на минатата година го наследи на клупата Бранко Тамше кој си замина поради лошите резултати. Во првиот мандат Вујо го предводел Загреб од 2014 до 2016 година.
Инаку Хрватите пред три недели ја поништија сезоната во ракометното првенство, што значи дека Загреб пра пат по 28 години нема да биде шампион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Иван Јуриќ повеќе не е тренер на Саутемптон

Иван Јуриќ повеќе не е тренер на Саутемптон, пренесува Фабрицио Романо. Фудбалскиот инсајдер на својот профил на социјалната мрежа „Х“, објави дека Јуриќ го напушта клубот кој не успеа да го задржи во Премиер лигата. Неговиот мандат во Саутемптон траеше од крајот на декември минатата година, односно 108 дена.
Јуриќ потпиша 18-месечен договор со англискиот премиерлигаш откако го раскина договорот со Рома. Хрватскиот тренер го наследи Расел Мартин, го презеде тимот со цел да го зачува статусот во Премиер лигата. На седум кола пред крајот на Премиер лигата, јасно е дека Саутемптон следната сезона ќе игра во Чемпионшип.
„Ова е голем предизвик, но јас сум оптимист бидејќи гледам тим кој може да биде подобар. Важно е веднаш да се поврзам со навивачите. Сакам агресивен тим и верувам дека тоа ќе им се допадне на навивачите на Саутемптон. Сакам да бидеме поагресивни, да притискаме повеќе. Ќе мора брзо да го промениме нашиот менталитет бидејќи тоа е мојата фудбалска идеја“, рече Јуриќ во декември по потпишувањето на договорот.
Јуриќ не успеа да го постигне тоа што го сакаше. На 14 натпревари на клупата на Саутемптон во Премиер лигата оствари една победа (Ипсвич 2:1), едно реми (Кристал Палас 1:1) и 12 порази.
Прелесно испаднавме од лигата и тоа е проблем на неколку нивоа. Сега е важно да ги разбереме сите грешки и да се обидеме да создадеме нешто добро“, изјави Јуриќ по испаѓањето.
Веста за заминувањето на Јуриќ се уште не е објавена на официјалните профили и страници на клубот.
Спорт
Трилер во Бугарија – АЕК на пенали го елиминира Партизан од Еврокупот

АЕК Атина на неутрален терен во Шумен, Бугарија по изведувањето пеналиго елиминира Партизан од Еврокупот. Овие натревар требаше да се одигра пред осум дена во Белград, но беше одложен поради дивеењето на домашните навивачи (фрлаа топовски удари на теренот пред почетокот на натпреварот) и одлуката на грчкиот клуб да не се појави на теренот.
Партизан, во реваншот ја надополни негативата од пет гола, го имаше и последниот напад на натпреварот, но на крајот победи „само“ со 24.19, откако Дејвис му обезбеди продолженија на АЕК. Пенал серијата им припадна на Грците со 6:7.
Во серијата од пет пенали сите изведувачи на двата тима беа прецизни (Црноглавац, Зечевиќ, Мициќ, Анѓелковиќ, Вујовиќ за Партизан, односно Дејвис, Арампацис, Кеита, Туре, Матиќ за АЕК).
Во шестата погодија Дејвис и Црноглавац, но во седмата Зечевиќ промаши и го испрати АЕК во полуфинале.
Во полуфиналето противник на АЕК е РК Извиѓач од Босна и Херцеговина.
Спорт
(Видео) Белингем буквално удри по ВАР опремата
Реал Мадрид, во саботата доживеа сензационален пораз од Валенсија (1:2) на домашен терен. На осум рунди до крајот на сезоната Реал има четири бода помалку од Барселона.
Во понеделникот, јавноста во Шпанија не зборува за промашениот пенал на Винисиус во 13. минута, ниту пак голот на Уго Дуро од 95. минута со кој победи Валенсија.
Социјалните мрежи го истакнуваат потегот на Џуд Белингем по натпреварот. Фрустриран од поразот, на патот кон соблекувалната, Англичанецот бесот го истури врз ВАР опремата.
Според правилата на Ла Лига, неспортското однесување или „актите на агресија врз опремата“ се решаваат според дисциплинските правила. Доколку се утврди дека играчот намерно го оштетил имотот на лигата, тој може да биде санкциониран со суспензија од еден до три натпревари.
😳🏴 Bellingham AGREDIÓ a su compañero de equipo, luego de la derrota por 1-2 del Real Madrid ante el Valencia pic.twitter.com/ArhCTVXQUz
— ENBAJA (@enbajafutbol) April 6, 2025