Контакт

Наука

Маратонска вселенска прошетка за поправање на системот за ладење на ISS

Објавено пред

Двајца американски астронаути минале во петокот во вселенска прошетка надвор од Меѓународната вселенска станица (ISS), речиси осум часа, во обидот да го сопрат истекувањето на опасниот амонијак од главниот систем за ладење, соопшти NASA.

dobivaj vesti na viber

Командантот на овој екипаж на станицата, Скот Кели и инженерот Кјел Линдгрен го исклучиле резервниот систем за ладење кој беше во употреба од 2012 година, и го запреа истекувањето на амонијакот во еден од осум од главните прстени за ладење на Меѓународната вселенска станица (ISS).Во мај 2013 година вториот екипаж ја замени неисправната пумпа, а во текот на маратонската прошетка во отворената вселена во петокот Кели и Линдгрен главниот систем за ладење повторно го наполнија со амонијак и го активираа. При вклучувањето на системот за ладење „побегнаа само неколку снегулки“ амонијак“.„Тие неколку снегулки амонијак не претставуваа никаква опасност за астронаутите, и пред нивното враќање на ISS не беше потребна деконтаминација“, изјави претставникот на NASA, Роб Навиас.Американската агенција се надеваше дека астронаутите ќе успеат да го склопат и покријат резервниот систем за ладење, но на Кели и Линдгрен почнало да им недостига време. Таа работа ќе мора да ја одработат во некоја друга прошетка во Вселената./крај/мф/сн/

Извор: Hina



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти, покажува истражување

Објавено пред

Здравиот начин на живот може да го компензира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти и да додаде уште пет години на животот, според првата студија спроведена на оваа тема.

dobivaj vesti na viber

Добро е познато дека некои луѓе се генетски предиспонирани за пократок животен век, објави Гардијан.

Исто така, добро е познато дека факторите на животниот стил, особено пушењето, консумирањето алкохол, исхраната и физичката активност, можат да влијаат на долговечноста.

Сепак, досега не е направено истражување за степенот до кој здравиот начин на живот може да се спротивстави на генетиката.

Наодите од неколку долгорочни студии сугерираат дека здравиот начин на живот може да ги ублажи ефектите од гените што го скратуваат животот за 62 проценти и да додаде дури пет години на животот.

Резултатите беа објавени во списанието BMJ Evidence-Based Medicine.

Оваа студија ја појаснува клучната улога на здравиот начин на живот во ублажувањето на влијанието на генетските фактори врз скратувањето на животниот век, заклучија истражувачите.

Студијата опфатила 353.742 луѓе од Обединетото Кралство Биобанка и открила дека оние со висок генетски ризик за пократок живот имаат 21 отсто зголемен ризик од рана смрт во споредба со оние со низок генетски ризик, без оглед на нивниот животен стил.

Прикажи повеќе...

Наука

Балканот ќе биде еден од најтешко погодените региони во Европа, ниту на Mакедонија не ѝ се пишува добро

Објавено пред

Иако научниците имаат алатки и методи за мерење на влијанието на климатските промени – како може тоа да се направи така што поединецот, во својот живот, има одредена вредност со која може да измери како, под влијание на климатските промени, неговиот живот е исто така се менува?

dobivaj vesti na viber

Не е лесно да се замисли што точно е „просечно глобално затоплување од 1,5 °C или 2 °C“ и како тоа ќе го промени нашето секојдневие, пишува Слободна Далмација.

На ова се обратија истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ)”; тие развија нов начин за мерење на влијанието на глобалното затоплување во реалниот живот и предвидување на долгорочните ефекти. Излегува дека и луѓето на Балканот ќе ја чувствуваат значајната промена.

Мерката на научниците од МИТ, создадена со помош на податоци од 50 различни климатски модели, е одредена од тоа колку ќе се зголеми или опадне бројот на „надворешни денови“ на различни дестинации низ светот до 2100 година, односно 24-часовни периоди кога температурите се доволно удобни за повеќето луѓе да се вклучат во активности на отворено, без разлика дали се за работа или за одмор. Ова се денови кога не е ниту премногу топло, ниту премногу студено, што научниците го сместуваат во температурен опсег од приближно помеѓу 10 °C и 25 °C, без екстремни временски појави.

Студијата на МИТ покажа дека тропските дестинации ќе доживеат најголеми промени во деновите на отворено. Најголемиот удар ќе го претрпи Доминиканската Република која до крајот на векот ќе губи дури 124 дена пријатно време годишно. Мексико, Индија, Тајланд и Египет ќе изгубат половина од тие денови.

Во Европа, на север ќе има повеќе денови со пријатно време бидејќи зимите ќе станат потопли, но на југ екстремните горештини во летните месеци ќе предизвикаат намалување на деновите на отворено.

Според податоците на МИТ, Балканот најверојатно ќе биде еден од најтешко погодените региони во Европа. Така Албанија ќе загуби 30 дена, Србија 26, Македонија 21, Бугарија 17, а Романија 12 дена. На југ, Грција би можела да изгуби 37 денови на отворено до 2100 година поради екстремните горештини помеѓу мај и јуни, според студијата на МИТ.

Промени ќе доживее и Пиринејскиот Полуостров: Португалија ќе има 33, а Шпанија 13 помалку денови на отворено.

Истражувачите велат дека разликата веќе се чувствува во Европа, при што луѓето избираат каде да патуваат врз основа на сè поекстремните жештини на претходно популарните дестинации.

Северна Европа ќе доживее попријатни денови, но причините за тоа не се добри вести. Франција, Германија и Австрија ќе добијат меѓу 18 и 52 дена пријатно време до 2100 година, главно поради потоплите зими, но ова би можело да биде фатален удар за и онака борбената скијачка индустрија во Европа. Поради недостигот на снег, се размислува за замена со вештачки снег, но многумина мислат дека тоа ни оддалеку не би помогнало да се одржи скијачката индустрија, за која „пријатни“ и целосно профитабилни „денови на отворено“ се само оние со многу реални снег.

Прикажи повеќе...

Наука

Еден Американец и двајца Руси со руско летало заминаа на МВС во вселената

Објавено пред

Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот Бајконур во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Станува збор за астронаутот на НАСА Лорал О’Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб.

dobivaj vesti na viber

О’Хара ќе помине шест месеци на станицата, а Кононенко и Чуб ќе останат таму една година.

Тројцата космонаути требаше да заминат во вселенската станица минатата пролет, но нивната првична капсула послужи како придружба за друг екипаж. Вториот екипаж – исто така двајца Руси и еден Американец – се враќа дома на Земјата кон крајот на овој месец.

Нивниот престој беше продолжен од шест месеци на една година бидејќи нивната капсула Сојуз испушти течност за ладење додека беа на станицата.

Според НАСА, кога командантот на мисијата Кононенко ќе го заврши својот престој во вселената, тој ќе постави рекорд како човек кој поминал најмногу време – повеќе од илјада дена – во вселената.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 часа

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...

Македонија13 часа

Eвропскиот фронт предводен од ДУИ со декларација ќе се жали до меѓународната заедница

Европскиот фронт преводен од ДУИ денеска во Тетово усвои декларација која ја нарече политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува...

Топ17 часа

Детали за убиството во Боговиње: Во кафеаната во која бил застрелан мажот имало и други лица, се сослушуваат сведоци

Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње. Од тука велат дека бил извршен...

Македонија17 часа

(Видео) Стоилковски за Хирургија: Демири и Манолева да одговорат дали за 120.000 евра сиот здравстен систем е колабиран

Министерот Демири и заменик министерката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија и дали...

Македонија17 часа

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Грчкоит премиер, Киријакос Мицотакис, очекува мандатарот за премиер на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа....

Спорт18 часа

Дарио Ивановски победник на 8. Издание на “Охрид трчат“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што...

Свет20 часа

(Видео) Седум повредени лица се извлечени од урнатините на зградата во Истанбул

Трикатна зграда се урна во истанбулскиот кварт Кучукчекмез, а спасувачките тимови досега извлекле седум повредени од урнатините, јави денеска „Анадолија“....

Свет20 часа

(Видео) Се’ уште се трага по тројцата млади луѓе во Италија кои ги однесе реката додека стоеа прегрнати, најдена чантата на една од девојките

И втората ноќ од потрагата заврши без резултати во Премариакo, Италија, каде реката Натисон во петокот однесе тројца млади луѓе:...

Свет20 часа

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Адвокатите на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, изјавија за „Би-Би-Си“ дека ништо нема да се промени во неговата...

Македонија21 час

Седум лица под истрага за улична продажба на дрога во Скопје

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во...

Свет22 часа

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемијата ќе бидат завршени до 2025 година или порано ако е...

Свет22 часа

(Видео) Кинеската сонда слета на темната страна на Месечината

Сондата лансирана од Кина на почетокот на мај слета на далечната страна на Месечината за да собере примероци. Сондата Chang’e...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ и Мусети играа до три сабајле – Светскиот број 1 победи во пет сета

Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети одиграа спектакуларен меч во третото коло на Ролан Гарос. Мечот траеше четири часа и 29...

Македонија1 ден

Според Села мал е бројот на ресори што ќе ги добие „Влен“, му одговорија дека е губитник, а иднината на албанскиот народ е сигурна

Алијансата на Албанците преводена од Зијадин Села, влезе во вербална расправија за бројот на ресори со кои ќе раководат Албанците...

Македонија1 ден

Бугарските медиуми: Фондација од Бугарија купи две-третини од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп

Две третини од родната куќа на писателот Димитар Талев во Прилеп купила приватна бугарска фондација „Манол Пејков и пријателите“. Ова...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во јужна Германија, жителите евакуирани со хеликоптери

Невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат...

Македонија2 дена

(Видео) Мечка со мали мечиња излезе на патот во Маврово

На социјалните мрежи се појави видео од мечка со мали мечиња кои излегле на асфалтот во Маврово. Мечката се обидува...

Топ2 дена

Почина скопски таксист: возејќи патник на „Словенечка“ доживеал срцев удар

Таксист во Скопје почина од срцев удар. Се работи за 62-годишен скопјанец со иницијали Ќ.В., кому му се слошило на...

Свет2 дена

„Долга и тешка ноќ“ – Зеленски се огласи по рускиот напад, Полска го коментираше подигањето на авионите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по масовниот воздушен напад утринава од страна на руската армија врз енергетската инфраструктура на Украина,...

Македонија2 дена

Започна полагањето на државната матура

Со тест по мајчин јазик, вкупно 14.834 ученици го започнаа полагањето на државната матура во учебната 2023-2024 година. По овој...