Свет
(Видео) Бајден: Црните гласачи кои сакаат да го поддржат Трамп не се црни
Американскиот демократски кандидат во трката за Белата куќа, Џо Бајден, се обидува да ја санира штетата што ја предизвика со изјавата дека Афроамериканците не се навистина црни ако наместо за него гласаат за претседателот Доналд Трамп.
Овој гаф Бајден го направи за време на интервју што го имаше со истакнатиот афроамерикански радио водител Charlamagne tha God, а во врска со неговите пораки до црните гласачи.
Бајден подоцна изрази жалење поради незгодниот коментар, пренесува Би-би-си.
Црните гласачи се клучни за поддршка на кандидатурата на Бајден.
„Ја освоив секоја изборна единица. Освоив поголем удел на црни гласови од кој било друг, вклучувајќи го и Барак“, рече Бајден, споменувајќи го Обама како прв Афроамериканец на функцијата претседател, во чија администрација Бајден ја вршеше потпретседателската должност.
Бајден исто така рече дека гарантира оти разгледува повеќе опции за црномурни жени како кандидати за потпретседател.
На самиот крај на интервјуто, помошникот во кампањата на Бајден го прекина разговорот, изјавувајќи дека на поранешниот потпретседател на САД и претседателски кандидат на демократите му истеколо времето.
Кога соработникот на Бајден се обиде да го приврши интервјуто, водителот реагираше. „Не можете да правите така во црн медиум“, рече тој.
„Го правам тоа и на белите и на црните медиуми“, одговори Бајден, додавајќи дека неговата сопруга чека да го искористи нивното домашно студио.
Charlamagne потоа го покани Бајден да се врати и да даде друго интервју затоа што има уште прашања за него.
„Ако и натаму имате проблем да одредите дали сте за мене или за Трамп, тогаш не сте црнец“, одговори Бајден.
Радио-шоуто „Брекфаст клаб“ и неговиот популарен водител, секој месец го слушаат повеќе од осум милиони слушатели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар во болница во Милано, пациентите евакуирани
Утрово околу 10 часот, избувна пожар во павилјонот 16 од болницата Сако во Милано.
За неколку минути, пламенот зафати дел од дијагностичката архива и се прошири на областите каде што медицинскиот персонал во тој момент прегледуваше десетици пациенти, пишува Ил Месаџеро.
Благодарение на заедничката интервенција на пожарникарите и болничкиот персонал, никој не е повреден.
Сите пациенти се евакуирани, а триесет пожарникари кои излегоа на терен вршат санација на подрачјето.
Свет
Европски војници пристигнаа на Гренланд
Европски војници од неколку земји пристигнаа на Гренланд за заеднички воени вежби, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес островот да биде под контрола на САД. Во главниот град Нуук слета француски контингент, а се приклучуваат и сили од Германија, Шведска, Норвешка, Холандија и Обединетото Кралство, јавува Би-Би-Си.
Распоредувањето следи по состанок во Вашингтон меѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс. Данскиот министер Ларс Локе Расмусен оцени дека разговорите биле конструктивни, но дека останало „темелно несогласување“.
Трамп изјави дека на САД му треба Гренланд за националната безбедност и не ја исклучи употребата на сила. Францускиот претседател Емануел Макрон најави проширување на мисијата, додека полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека евентуална американска интервенција би била „политичка катастрофа“.
Русија изрази загриженост поради засилувањето на присуството на НАТО на Арктикот. Од кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер соопштија дека распоредувањето има цел да ја одврати руската и кинеската активност.
Германија испрати транспортен авион со 13 војници во рамки на данските вежби „Операција Арктичка издржливост“. Данска најави ротациона и потрајна сојузничка присутност. Премиерката Мете Фредериксен рече дека одбраната на Гренланд е заедничка грижа на Алијансата.
Премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен порача дека Гренланд не сака да биде дел од САД и, ако мора да избира, би ја избрал Данска.
Свет
Макрон: Франција ќе испрати воен брод на Гренланд
Франција наскоро ќе испрати воен брод, авиони и дополнителни војници на Гренланд, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Тој предупреди на појавата на „нов колонијализам“ и на изјави што, како што рече, „сеат сомнеж, дури и меѓу сојузниците“.
Макрон ова го соопшти во новогодишното обраќање до француските вооружени сили, наведувајќи дека дел од француските војници веќе се распоредени на Гренланд, на барање на Данска, каде им се приклучиле сили од Норвешка, Шведска и Германија.
„Нашите сили во наредните денови ќе бидат дополнително зајакнати копнено, поморски и воздушно“, рече Макрон, без да наведе детали.
Според достапните информации, најмалку еден француски воен брод и неколку авиони веќе се на пат кон северниот Атлантик.

