Контакт

Вести

И Нагасаки одбележа 69 години од атомското бомбардирање

Објавено пред

Јапонија во саботата во Нагасаки ја одбележа 69-годишнината од американскиот напад со атомска бомба, само три дена по првиот во Хирошима, во кој загинаа уште 74 илјади луѓе.

dobivaj vesti na viber

Комеморацијата за сите жртви од атомските напади во Нагасаки ја предводеше јапонскиот премиер Шинзо Абе, а присуствуваа преживеани граѓани на Нагасаки и многу странски функционер, меѓу кои и американската амбасадорка Керолајн Кенеди. Таа пред три дена, на 6-ти август присуствуваше и во Хирошима каде што како директно или како последица од атомскиот напад на САД загинаа околу 140 илјади луѓе.Амбасадорката Кенеди им се заблагодари на „жителите на Нагасаки што ја поканија да учествува во одбележувањето на сеќавањето на жртвите на нападот, како и на нивната посветеност во изградбата на светот со повеќе мир“.Градоначалникот на Нагасак, Томихиса Тауе, ја повика јапонската влада да обрати внимание на сѐ поголемата загриженост на тамошната јавност во врска со неодамнешната ревизија на безбедносните политики на земјата.  Имено, на почетокот од јули, јапонската влада го одобри учествувањето на јапонските сили во операции надвор од земјата. Слична критика за владата на Абе пред три дена упати и градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, кој е познат како неуморен активист против нуклеарното вооружување. Меѓутоа, промената на овој ткн. „американски амандман“ во јапонскиот устав, не беше критикуван и од саите САД. Јапонија не смее да има постојани сили, коишто би можела да ги испраќа преку границите, како казна за нејзиното учество во текот на Втората светска војна на страната на поразената ткн .Тројна оска, односно Берлин – Рим – Токио.Премиерот Абе смета дека Јапонија би требало да ја промени својата безбедносна политика и воена улога поради заканите од Кина и Северна Кореја, како и поради можноста да им пружи помош на сојузниците во регионот, во прв ред САД и Јужна Кореја.Јапонија има добро опремени и обучени вооружени сили, но постојат строга рестрикции за нивно распоредување во странство. Според членот 9 од нејзиниот повоен Пацифички устав, Јапонија е блокирана да употреби воена сила во решавањето на меѓународните спорови, освен во самоодбрана. Меѓутоа, премиерот Шинзо Абе смета дека сака толкување на уставот и постигнување договор за тоа, што би можело да се случи уште во вторник.Овој негов потег силно ја поларизираше јапонската јавност. Критичарите на неговата намера предупредуваат дека во тој потег се забележува зголемување на милитаризмот, додека конзервативците тврдат дека уставното ограничување претставува двоен стандард за принуда врз Јапонија.Аналитичарите предупредуваат на критиките на Кина за планот на Абе, којашто и самата многу вложува во воените сили, но сепак сметаат дека за тоа ќе биде потребна и согласност од САД со кои Јапонија има долгорочен безбедносен договор.Американскиот бомбардер „Б-92“ ја фрли „Енола геј“ на 6-ти август 1945 година, бомбата којашто Хирошима ја претвори во нуклеарен пекол и отвори нова страница во заканите од војните.Пред 69 години загинаа 140 илјади жители на Хирошима којашто тогаш имала 300 илјади жители, како од самата експлозија, така и од последиците на радијацијата со месеци и години подоцна. По Хирошима, на 9-ти август САД ја фрлија и втората атомска бомба врз Нагасаки, каде загинаа повеќе од 70 илјади луѓе. Тие напади ги забрзаа капитулацијата на Јапонија и вистинскиот крај на Втората светска војна на 15-ти август 1945 година.Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, во четвртокот го повика американскиот претседател Барак Обама и „сите челници на земјите коишто поседуваат нуклеарно оружје, што побрзо да ги посетата градовите на атомската бомба“. „Кога тоа ќе го сторат, ќе сфатат дека нуклеарното оружје е апсолутно зло и дека тоа мора да се забрани“, додаде.Јапонија во 2007 година поднесе резолуција во Обединетите нации со која повикува на целосно укинување на нуклеарното оружје. Оваа резолуција ја поддржаа повеќето земји –170, а САД се една од трите држави кои се противат.Бомбата наречена „Малото момче“ е резултат на повеќегодишниот напор во рамките на американскиот проект „Менхетн“ со цел да се произведе нуклеарно оружје. Армијата на САД ги собрала најистакнатите американски и дотогаш нацистички германски физичари и математичари за да го забрзаат производство на атомско оружје. Првпат во историјата, по наредба на тогашниот американски претседател ХариТруман, нуклеарното оружје е употребено во војна./крај/мф/снИ на крајот, по игра на судбината, последниот член на екипажот од „Енола геј“, Теодор ван Кирк, кој почина на 93-годишна возраст беше погребан токму на 5-ти август./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива

„Тоа е месечната ставка, вклучително и годишната ставка ако се гледа споредено со јули имаме намалување од 4,9 на 4,4...

Македонија19 минути

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија54 минути

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија1 час

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет3 часа

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија3 часа

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија4 часа

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...

Европа6 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет6 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа6 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет7 часа

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа7 часа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа7 часа

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа8 часа

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа8 часа

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија18 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија20 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија1 ден

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...