Црна хроника
Со задоцнување почна судењето за убиството на Тушевски и Јанев
По час и половина доцнење почна судењето, во кое е обвинет и поранешниот министар за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.
Во судницата не се присутни четворица од обвинетите, меѓу кои тројца се обвинети како извршители на убиството, а еден како организатор, инаку државјани на Србија и Босна и Херцеговина, јави репортерот на Макфакс од судот.
Обвинителството побара да им се суди во отсуство, на што приговараа адвокатите на другите обвинети, бидејќи, според нив, тие не биле барани на адресите во Србија и БиХ, адреси кои на судот му се познати.
Судот ги одби приговорите на адокатите, а обвинителката го прочита обвинението.
Сега се очекува исказ да дадат обвинетите. Бидејќи првите четворица се во бегство, Љубе Бошкоски којшто е седмообвинет траба да биде третиот што ќе го даде својот исказ пред судот.
Според обвинението, тројца српски државјани кои се во бегство ги убиле Јанев и Тушевски по нарачка, а Бошкоски се товари дека како тогашен министер за внатрешни работи му дозволил на сега веќе починатиот Орце Коруновски да го убие Тушевски.
Бошкоски, како што пишува во обвинението, бил во добри односи со Коруновски, а тој, пак, имал недоразбирања со Тушевски во врска со стриптиз барови и дискотеки.
Поранешниот министер за внатрешни работи, ослободен од обвиненијата во Хашкиот трибунал за воени злосторства за конфликтот од 2001 година во Македонија, и подоцна лидер опозициската вонпарламентарна партија Обединети за Македонија, се товари дека заедно со свои блиски луѓе, меѓу кои и шефот на обезбедувањето Зоран Трајковски, помогнале да не се откријат сторителите на двојното убиство.
Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година. кога излегувале од кафулето „ЗУ“ во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега./крај/фф//сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

