Регион
Милановиќ проблемот со бегалците настанува во Грција

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во четвртокот изјави дека состојбата со бегалците во Хрватска не е драматична, но е сериозна, истакнувајќи дека проблемот со бегалците настанува во Грција.
„Грција, границата на Шенгенот, дозволува на нејзините острово непосредно до турското крајбрежје да пристигнуваат со бродови илјадници лица кои не се повеќе животно загрозени бидејќи се во Турција, која е безбедна земја“, рече Милановиќ.
Тој рече дека очигледно постои преќутен договор да не се спречуваат да допловат до територијата на Шенген, што тоа би можело многу лесно да се направи со бродови на крајбрежната стража кои го има Грција, без никакво насилство, како што тоа го прави хрватската полиција доколку некој неовластено влезе во територијалните води.
„Дали станува збор тоа некој вид на освета од страна на Грција кон Германија и Европа не знам, бидејќи мигрантите одат таму“, рече Милановиќ.
Тој додаде дека мигрантите со организиран превоз доаѓаат во Грција, па во Македонија и продолжуваат натаму на север.
„Ние во Хрватска нема и не можеме да ги задржуваме. Никој нема да не натера на тоа. Нашите ресурси се ограничени. Нашите срца се големи, но нашите можности се мали“, порача Милановиќ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.