Црна хроника
Битолското обвинителство поднесе предлози против седум лица за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство – Битола денеска до Основниот суд во Битола поднесе пет предлози за издавање казнени налози против седум лица. Во текот на вчерашното деноноќие лицата биле затекнати во движење без поседување на соодветни дозволи.
Со своите дејствија седуммината обвинети сториле кривично дело -Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво бо член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителството му предложи на судот сторителите да ги огласи за виновни и да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде во износ од 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден

Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.