Црна хроника
Оризарец загина во бизарна несреќа

Педесет и тригодишниот Љубомир С., жител на кочанската населба Оризари бил пригмечен од камион, откако возилото самото тргнало бидејќи не било соодветно обезбедено.
Настанот се случил во сабота еден час пред полноќ, кога Љубомир управувајќи го камионот „мерцедес“ бил влечен со крута врска од друг камион иста марка. Двете возила застанале на улица Ангел Донев, а Љубомир се симнал од возилото при што во моментот на ослободување на крутата врска возилото, поради необезбедување од самотргнување, истото само почнало да се движи нанапред при што удрило во него и му нанело тешки телесни повреди, на кој потоа им подлегнал.
Увид на лице место извршиле екипа од ПС-Кочани, Јавен обвинител и Истражен судија, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.