Македонија
(Видео) Чулев: Агенцијата за национална безбедност ја задржала можноста да преслушува
Под формулацијата „успешно имплементирани препораки од Прибе“ се крие само бледа и свесна манипулација на јавноста и меѓународната заедница од страна на одредени политички моќници, кои се или биле на високи позиции во безбедносносниот систем на државата, рече министерот Чулев на денешната прес-конференција во МВР посветена на обелоденување на состојбата поврзана со акутелната поставеност на системот за следење на комуникациите, што е во спротивност со законската регулатива и е доказ дека реформите што се водеа под покровителство на Рајнхард Прибе суштински не се реализирани.
Министерот Чулев потенцира дека од страната на стручните служби при МВР констатирано е фрапантно кршење на законите, при што поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (денес Агенција за национална безбедност) сè уште ја има задржано посредничката улога во системот за следење на комуникациите, а кој се однесува за кривичните истраги што се спроведуваат од страна на Министерството за внатрешни работи.
„Во согласност со Законот за следење на комуникациите и Законот за ОТА, Оперативно-техничката агенција (ОТА) била должна да овозможи директна техничка поврзаност помеѓу неа и надлежната служба за спроведување на наредбите за ПИМ, во случајот соодветната организациска единица во МВР, но тоа до ден-денес не е направено, односно сè уште АНБ ја има задржано посредничката улога, што во суштина значи дека сè уште постои техничката можност АНБ да има увид во следењето на комуникациите, кое се спроведува за потребите на кривични истраги спроведувани од страна на МВР“, изјави Чулев.
Според него, и покрај тоа што кон крајот на 2019 година била направена надградба на дел од системот, кој физички е сместен во АНБ, а е наменет за МВР, сепак не била отстранета оваа посредничката улога на Агенцијата.
„Тоа значи дека реформата во делот на следењето на комуникациите во најголем дел не е спроведена иако во согласност со извештајот и насоките на Прибе уште во 2015 година јасно е укажано дека од аспект на техничка опременост УБК го имала монополот над користењето на опремата за следење на комуникациите во разузнавањето и во кривичните истраги, односно имала можност да го спроведува и набљудува и следењето на комуникациите во свое име и во име на правосудната полиција, при што можела индиректно да ја покткопа независноста на водачот на истрагата, односно обвинителот“, рече министерот Чулев.
Тој праша зошто надлежните институции за контрола на системот за следење на комуникациите, но и самото МВР, изминатиот период не презеле никакви активности за надминување на оваа состојба, која уште, како што потенцира, е спротивна на законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од резолуцијата, дури во Брисел
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.
„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.
Македонија
Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата
Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди. Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече тој.
Токму затоа, додава Стојаноски, преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти.
„Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право. Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара“, рече тој.
Македонија
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за негово разрешување е политичка одлука.
Тој предмалку ја соопшти одлуката на прес-конференција во Обвинителството. Коцевски рече дека си заминува од функцијата гордо и со крената глава.
„Функцијата што ја вршев нешто помалку од две години ја извршував чесно и достоинствено, заминувам со гордо крената глава, но и со разочараност поради непочитување на принципите врз кои почива правната држава. Доказ за тоа е дека дури денес во 10 часот, на само еден час пред закажаниот почеток, ми беше доставена покана од Собранието да присуствувам на седницата за која ќе се раправа за мое разрешување. Предлогот за мое разрешување не ми е доставен и немам на што да се произнесам“, рече Коцевски.
Тој вели дека е јасно оти предлогот за негово разрешување не е заснован ниту на закон ниту на факти, туку претставува преседан со далекосежни последици врз независноста на Јавното обвинителство.
„Овој предлог како основи за разрешување содржи само три реда, а ниту еден од нив нема образложение или аргументирана поткрепа. Законот е јасен: државниот јавен обвинител може да биде разрешен само доколку се утврди дека сторил тешка дисциплинска повреда. Тоа е така не заради заштита на Љупчо Коцевски или на кој било друг што ќе дојде на оваа функција, туку заради заштита на самостојноста на јавното обвинителство и начелото на поделба на власта. Принципи кои денеска се длабоко нарушени, бидејќи со ниту една постапка не е утврдено дека сум сторил ниту лесна, ниту тешка дисциплинска повреда, а тоа го потврди и Советот на јавните обвинители кој даде негативно мислење по предлогот на Владата, како уставно и законски надлежен орган задолжен да ја штити независноста на јавното обвинителство. Оттука, самата постапка за мое разрешување е правно неиздржана“, вели Коцевски.
Според него, предлогот за негово разрешување е дојден затоа што јавно и отворено зборувал за проблемите во обвинителството.
„Јас знам зошто денес стојам тука пред вас. Тоа не е заради мое непрофесионално работење. Тоа не е заради недостаток на резултати. Туку затоа што, како државен јавен обвинител, отворено и јавно зборував за проблемите и за недостигот на ресурси, затоа што не се мешав во законското право на јавните обвинители на самостојно и независно одлучување. Убеден сум дека стојам тука пред вас и затоа што се зафатив со еден навистина значаен и тежок процес – прочистување на редовите на обвинителството. Јас сум првиот државен јавен обвинител кој, по донесувањето на Законот за јавно обвинителство во 2021 година, изврши контрола на работењето на вишите јавни обвинителства и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, рече Коцевски.

