Спорт
Голманот на ПСЖ уништил изнајмен Ламборџини (Фото)
Сезоната во Франција заврши пред три недели. Најголем дел од клубовите им дадоа одмор на своите фудбалери. Голманот на ПСЖ Мацчин Булка меѓу првите заминал од клубот. Тој се вратил во родниот Висогрод.
Булка нема по добро да се сеќава на овој свој престој во родниот град. Полските медиуми јавија дека синоќа тој имал сообраќајна несреќа.
Младиот голман поради неприлагодена брзина изгубил контрола врз автомобилот Ламборџини и излетал од патот. Имал среќа бидејќи минал без повреди, но целосно го уништил возилото вредно 224.000 евра.
Инаку автомобилот Ламборџини не бил во сопственост на Булка, туку тој го изнајмил од рен-а-кар агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ландо Норис го победи Ферстапен на ГН на Мајами
Ландо Норис ја забележа првата победа во кариерата. Возачот на Мекларен победи на трката за Големата награда на Мајами. Ова е прва победа за Мекларен од 2021 година кога Даниел Рикардо победи во Монца. Норис во Мајами победи пред Макс Ферстапен (Ред Бул) и Шарл Леклер (Ферари).
Норис, трката во Мајами ја стартуваше од петтата позиција, која ја загуби на стартот, но како што одминуваа круговите тој беше најбрзиот човек на патеката. Најбрзиот круг го возеше во 25 круг, кога дел од неговите конкуренти ги сменија гумите.
За одличното возење го „погледна и среќата“. Поради инцидентот меѓу Магнусен и Сарџент, во 28.круг на патеката излезе возилото за безбедност. Норис го искорсти влезе во боксот и се врати на челната позиција.
Откако возилото за безбедност ја напушти патеката, Норис на чиста брзина ја доби борбата со Ферстапен.
Британецот со деби победата ја прекина доминацијата на Ферстапен во Мајами, кој имаше шест последовни победи на оваа патека.
Бодови во Мајами освоија: Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цунода (РБ), Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).
Спорт
Реми во дербито меѓу Рома и Јувентус
Рома и Јувентус освоија по еден бод, откако во дербито на 35.коло одиграа 1:1, на „Олимпико“ во Рим.
Рома никако не може да биде здоволна со бодот бидејќи си го компромитира пласманот во Лигата на шампионите. Италија наредната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите, а Рома на петтото место има три бода и два натпревари повеќе од Аталанта.
Натпреварот почна добро за Рома, Лукаку се најде на вистинското место во вистинско време и му донесе водство на својот тим во 15. минута.
Јувентус после тоа не сакаше да тактизира, избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа во напад, а во 31.минута ја искористија грешката во одбраната на Рома. Резултатот го изедначи Бремер.
До крајот на мечот Јуве беа поблуску до победата. Киеза ја погоди стативата во 47.минута, а потоа голманот Свилар имаше две добри интервенции.
Спорт
Рубљов го освои Мастерсот во Мадрид
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на Мастерсот во Мадрид.
Рубљов во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оѓер-Алиасим по три сета, со пресврт 4:6, 7:5, 7:5 по два часа и 49 минути игра.
Рускиот тенисер во главниот град на Шпанија ја освои втората титула од серијата 1000, а воедно осмиот тенисер во светот стана првиот во кариерата кој победил на Мастерсот во Мадрид и во сингл и во двојки.
Русинот лани во Монте Карло го освои првиот трофеј на турнирите од серијата 1000, а за 27-годишниот Русин ова е 16. титула во кариерата, втора во 2024 година.