Црна хроника
Шверцерите напаѓале навивачи на македонската репрезентација

Вкупно 14 лица биле нападнати и претепани во вчерашните инциденти што се случија пред и после натпреварот меѓу македонската и српската фудбалска репрезентација на Арената „Филип Втори“ во Скопје.
За овие инциденти приведено е едно деветнаесетгодишно момче од Скопје, а по другите напаѓачи се трага.
Сите инциденти се случиле околу Старата скопска чаршија, а повредени се двајца црногорски државјани, петмина српски навивачи, тројца Македонци и четворица полицајци.
Инцидентите кулминираа во вторникот вечерта по натпреварот, кога навивачката група на фудбалскиот клуб Слога, познати како „Шверцери“, нападнале поголема група навивачи на македонската репрезентација кои оделе кон Скопскиот саем, каде биле паркирани автобусите и возилата.
„Шверцери“ почнале да фрлаат со шишиња, камења и други предмети кон граѓаните кои минувале кај Стоковната куќа „Мост“.
Во овој напад повредени се четворица полицајци, искршени се повеќе дуќани и кафулиња од Стоковната куќа „Мост“ кон Бит Пазар, а приведен е деветнаесетгодишен скопјанец.
По нападот на црногорските и српските државјани, во вторникот околу 16 часот кај Стоковна куќа „Мост“ осум непознати лица нападнале двајца велешани кои оделе на фудбалскиот натпревар.
Во 18 часот се случил уште еден инцидент од Трговскиот центар Мавровка, кога поголема група од околу 15 лица нападнале две возила со српски регистерски таблици во кои имало седум лица. Биле нападнати возачите на двете возила кои биле од Лесковац, кои со повреди биле пренесени во Градската општа болница.
Другиот инцидент се случил на Камениот мост, кога шест до осум лица пресретнале лице на кое му рекле да го симне шалот кој го носел со боите на Македонија. Го удриле еднаш, но лицето успеало да им избега.
Од МВР велат дека сè уште не можат да тврдат и немаат докази дека станува збор за една иста група и велат дека полицијата била распоредена на критичните точки.
„Полицијата беше поставена на тие локации, но не може да ги забрани пристапите кон чаршијата и плоштадот. Немаше најава за организирано носење на навивачи од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија, ниту организирано доаѓаа, ниту побараа било каква асистенција, напротив одбрале да се шетаат во локалите, кафулињата во центарот, некои одбрале да се шетаат во турска чаршија“ рече портпаролот на МВР, Иво Котевски. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.