Македонија
Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава
Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години загинаа двајцата млади планинари Калина Велеска и Александар Миновски.
Итрагата утврдила дека на 10.2.2018 година на планината Ниџе, двајцата планинари при искачување на врвот Кајмакчалан во Република Грција, ги загубиле животите како резултат на несреќен случај, како и дека не се утврдило дека некое друго лице направило пропуст за да дојде до смртен исход кај двајцата планинари.
„Обвинителството спроведе претходна постапка, во која презеде голем број истражни дејства – беа направени проверки и обезбедени писмени докази преку Министерството за внатрешни работи, по дипломатски пат од Република Грција беа набавени обдукциските протоколи за двајцата починати планинари, како и придружната документација, која се однесува на настанот, а е изготвена од надлежни органи на Република Грција. Освен ова, од мобилните оператори беа обезбедени листинзи за мобилните телефони на двајцата починати планинари и беше изготвено вештачење на пронајдениот телефон на едниот планинар. Во однос на мобилниот телефон на другиот планинар, дополнително беше побарано и обезбедно известување од мобилниот оператор за локацијата на тој телефон, но одговорот беше негативен и тој телефон не е пронајден.
Исто така, беа обезбедени писмени докази од Федерацијата на планинарските спортови и од Друштвото за планинарски спортови „Трансверзалец“, а воедно беше обезбедена и друга писмена документација. Во Обвинителството, во текот на претходната постапка, беа испитани претставник од Федерацијата на планинарските спортови, претставник на Друштвото за планинарски спортови „Трансверзалец“, претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, повеќе сведоци – учесници на планинарската тура, законските застапници на починатите планинари, како и сведоци предложени од законските застапници. Во својство на осомничен беше испитан и претседателот на Друштвото за планинарски спортови „Трансверзалец“, кој воедно бил и еден од водичите на турата.
Од сите направени проверки во текот на претходната постапка произлезе дека не постои основано сомнение дека лицето на кое Обвинителството во текот на постапката му даде својство на осомничено лице направило какви било пропусти кои укажуваат на сторено кривично дело, кое се гони по службена должност, односно беше утврдено дека од негова страна не се направени прекршувања на законски или подзаконски акти при организација и спроведување на планинарската тура и од кривично-правен аспект не може да се утврди дека смртта на планинарите е резултат на каков било негов пропуст.
Воедно, од кривично-правен аспект не се утврди дека некое друго лице направило пропуст за да дојде до смртен исход кај двајцата планинари, туку тие на критичниот ден ги загубиле животите како резултат на несреќен случај на двајца искусни планинари.
Во текот на постапката Обвинителството утврди дека двајцата планинари на критичниот ден самоиницијативно се оддалечиле од групата и додека сите други учесници на турата почнале да се враќаат кон ски-центарот „Ворас“, тие почнале повторно да се искачуваат кон црквата на врвот на планината. Некои од групата планинари останале да ги почекаат да се вратат, па кога не се вратиле, околу 12 часот по локално грчко време, тргнале по нив за да ги бараат. Притоа ги довикувале, ги барале на мобилните телефони и по радиоврска, која била кај еден од сега починатите, но не успеале да ги најдат, ниту да остварат контакт со нив.
Со оглед на тоа што не ги пронашле, другите планинари се симнале во ски-центарот да проверат дали евентуално двајцата планинари се вратиле таму, но кога констатирале дека не се таму, веднаш пријавиле на одговорното лице во ски-центарот. Веднаш потоа во ски-центарот биле преземени мерки за пронаоѓање на двајцата планинари, при што биле известени Специјалната единица за справување со катастрофи од Солун, Противпожарната служба од Едеса и Аридеа, службите за брза помош и полицијата.
Околу 13.30 часот по локално време почнува акцијата за пронаоѓање на двајцата планинари со два ратрака и друга опрема. Ратраците ги управуваат грчки спасувачи, а на едниот ратрак е водичот на групата, додека на другиот е друг македонски планинар. Во акцијата околу 15.30 часот по локално грчко време се вклучиле и екипи од противпожарната служба и од специјалната единица за справување со катастрофи.
Истовремено, двајцата планинари постојано биле барани на мобилните телефони и по радиоврска, па кога добиле повратна информација дека еден од планинарите по кој се трагало станал достапен на мобилниот телефон, продолжиле да ги бараат на тој телефон. По извесно време, воспоставиле врска со едниот планинар, кој почнал да објаснува каде се наоѓаат, но не можел точно да објасни, па на истиот телефон се јавил и другиот планинар за да ја објасни нивната локација. Нему му било кажано да свртат на бројот 112 и да вклучат ГПРС на мобилниот телефон. На тој начин биле лоцирани и спасувачките екипи почнале да им се приближуваат, но теренот бил непристапен, а временските услови биле лоши и доколку се продолжело со акцијата, ќе биле доведени во опасност животите на спасувачите. Според наводите во писмената документација доставена од Република Грција, постоела и опасност од снежна лавина на теренот, па при вакви услови во 22 часот по локално време било одлучено од безбедносни причини акцијата да се одлижи за следниот ден на дневна светлина. Утредента акцијата продолжила, при што биле извлечени телата на двајцата планинари, кои починале од премрзнување“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани
Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во земјава, истакнувајќи ја силната поддршка на Соединети Американски Држави и вербата во силата и храброста на граѓаните на Северна Македонија.
Агелер потсетува дека пристигнала во Скопје пред три години како десетта амбасадорка на САД и дека била, и останува, длабоко почестена од можноста да ја претставува својата земја. Таа наведува дека уште на почетокот на мандатот изразила силна вера во македонските граѓани и дека таа вера со текот на времето била потврдена и зајакната.
Во писмото, амбасадорката посочи дека во одредени сегменти е постигнат напредок, а во други останува уште работа.
Агелер потсетува дека 2025 година ја одбележала 30-годишнината од билатералните односи меѓу САД и Северна Македонија и наведува дека заедничката работа донела конкретни резултати во области како економски раст, енергетска независност, судска реформа, инфраструктура, образование, културна заштита и евроатлантска интеграција.
Агелер посебно ја нагласува личната димензија на мандатот, наведувајќи дека низ земјата била примена во училишта, цркви, судници и домови, и дека со граѓаните водела отворени и искрени разговори, дури и кога постоеле несогласувања.
„Постои нешто магично во оваа земја – нејзината неверојатна убавина, нејзината историја, традиции и култури; нејзините противречности и извонредната отпорност и изненадувачкиот хумор на нејзините луѓе наспроти големите предизвици и длабоките загуби. Сето тоа го споделивте со мене, и ја напуштам Северна Македонија со чувство на огромна благодарност за вашата љубезност, за вашата несебична дарежливост и за силата за која знам дека ја имате за да ја надминете секоја пречка што ќе се најде на вашиот пат“, порача.
Во завршната порака, амбасадорката нагласува дека САД секогаш ќе стојат покрај Северна Македонија и ја повторува својата верба во визијата за посилна, побезбедна и попросперитетна земја, целосно интегрирана како евроатлантски партнер и сојузник.
Македонија
Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег
Следниве денови ќе носат променливо време со постепено покачување на температурите, проследено со врнежи кон крајот на неделта.
Според прогнозата на Хидрометеоролошката служба, утре на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладнево се очекува магла во поедин котлини. Ветрот ќе биде слаб и од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 2 °C, додека максималните ќе достигнат од 6 до 10 °C.
За главниот град се предвидува променливо облачно со сончеви периоди и можност за магла претпладне. Температурите во Скопје ќе варираат од -1 °C минимална до 7 °C максимална.
Во наредните денови, до сабота времето ќе остане променливо облачно со пораст на дневните температури и појава на магла по одделни котлини. Забележителна промена се очекува од сабота кон крајот на денот, кога ќе започнат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Неделата врнежите ќе се интензивираат, особено во попладневните и ноќните часови. Во тој период се очекуваат пообилни врнежи, кои на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во понеделник.
Македонија
(Видео) Филипче: Искрено верувам во ова што го правам, сакам да бидеме европско општество без корупција
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција потенцираше дека неговата работа е искрена, се темели на чесни намери и верува доколку граѓаните дадат доверба на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на некој следен циклус на избори да ја предводи владата, Македонија може да биде европска држава без корупција.
„Искрено верувам во ова што го правам. Јас сум човек што работи милиметарски прецизна работа и добро сум пресметал пред да се нафатам да го правам ова, што сакам, која е позадината и што сакам да постигнам. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите да влеземе во Европската Унија затоа што тоа е стратешката цел“, рече Филипче.

