Европа
Забрана за музика и алкохол на демонстрациите во Париз навечер

Повеќе забрани воведоа париските власти во однос на новото движење Nuit Debout, бидејќи мноштво луѓе се собираат последните недели на плоштадот на републиката во париз, навечер , се пушта гласна музика и се пие алкохол.
Шефот на полицијата издаде правилник и забрани бучава на плоштадот по 22 часот, а од 17 часот, забрането е конзумирање алкохол.Движењето се изроди од уличните протести против контроверзниот закон за труд, што ќе биде презентиран во парламентот во вторник.Откако почнаа масовните протести, секоја вечер луѓе се собирата на плоштадот, но покрај нив се собираат повеќе млади луѓе, кои пијат алкохол и креваат бука. Секако, заедно со нив се појавуваат и таканаречените casseurs (проблематични луѓе), кои го користат движењето да предизвикуваат проблеми, да провоцираат и да се судрат со полицијата.Во недела навечер, учесниците од движењето Nuit Debout се обидоја да постават човечки синџир меѓу насилниците и полицијата, но тоа се покажа како многу опасно.Некои го споредуваат движењето Nuit Debout со движењето Occupy или со Indignados во Шпанија, кои подоцна беа основа за формиеање на политичката партија Подемос.Но, другите забележуваат дека оние кои протестираат на плоштадот навечер се „проголтани“ од бројноста на млади луѓе кои се појавуваат таму само за да пијат и да се забавуваат.На полицијата и беше доста од ваквото однесување.На 2 мај, ден по насилните судири со полицијата и демонстрантите, префектурата издаде соопштение во кое ги објави ограничувањата за одредени активности поврзани со групните собирања.Така, музиката која се пуштате во некои делови од плоштадот, сега е забранета од 22 до 7 часот наутро. Рестрикциите за употреба на алкохол се уште подрастични, па така опфаќаат забрана од 17 до 7 часот. Правилото вели дека има забрана за носење предмети кои се фрлаат по полицајците, како стаклени шишиња.Полицијата го осуди однесувањето на демонстрантите особено постојаниот напад врз полицајците кои се обидуваат да го одржат редот и мирот.Во понеделник, демонстрантите ги почитуваат правилата, не пуштаа музика по 22 часот, а околу 23.30 часот на плоштадот имаше околу 150 луѓе, но беа мирни.Полицијата вели дека демонстрантите може да останат на плоштадот и по 22 часот, но да не го нарушуваат јавниот ред и мир./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин