Регион
На белградскиот аеродром откриени две ракети во пратка од Бејрут за САД

На белградскиот меѓународен аеродром „Никола Тесла“ во текот на проверка на багаж откриени се две ракети со експлозивно полнење кои биле транспортирани од Бејрут преку Белград и Лондон за американскиот град Портланд, потврди во неделата воздухопловната компанија „Air Serbia“ по пишувањето на медиумите.
„Потврдуваме дека карго пратката, која е транспортирана за натамошна дестинација, претходно во текот на денот е идентификувана на белградскиот аеродром, благодарејќи на строгите мерки за безбедносна контрола“, изјавиле за агенцијата Танјуг од „Air Serbia“ и додаваат дека помагаат во истрагата.
Ракетите со должина од 1,5 метар биле во багажот на редовниот лет Бејрут – Белград, а требале да бидат пренесени од Бејрут преку Белград и Лондон за Портланд.
Ракетите, според пишувањата во медиумите, биле во сандаци и имале соодветна документација. Во согласност со стандардната процедура биле истоварени од авионот, но полициските кучиња го надушкале експлозивот. Сандаците биле веднаш издвоени и извршен е увид, а во тек е проверка на документацијата.
„Очигледно станува збор за шверц на оружје, бидејќи ракетите биле пакувани како школски макети и имале таква документација. Меѓутоа, кучињата го надушкале експлозивот во пакетите и по отворањето е утврдено дека, сепак, станува збор за ракети и покрената е истрага“, пишува Блиц повикувајќи се на неофицијални извори./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.