Надворешна политика
Попоски во текот на ноќта разговарал со турскиот колега Чавушоглу, Македонците во Турција безбедни
Заменик претседателот на македонската влада и министер за надворешни работи Никола Попоски во текот на ноќта кога во Труција се довиваше обидот за воен удар остварил телефонски разговор со турскиот колега Мевљут Чавушоглу при што било потврдено дека турските власти работат на враќање на редот и мирот во државата и дека набрзо ќе бидат отстранети сите можни закани, информираат во саботата од македонската диплоамтија.
Во разговорот Попоски истакнал дека Македонија „најостро ги осудува сите акти на насилство и терор и изразува поддршка на демократски избраните институции“. Воедно, шефот на македонската дипломатија изразил сочувство до семејствата на сите загинати и повредени во вчерашните настани во Турција.
Попоски преку службите во министерството продолжува континуирано да ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за македонските граѓани.
Според досега добиените информации, забележан е застој во движењето на бугарско-турскиот и грчко-турскиот гранични премини, а не се реализираат ниту авионските летови на релација Скопје-Истанбул.
Според комуникации со дел од македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Турција, ве известуваме дека се безбедни и засега не е регистриран ниту еден повреден или загинат македонски граѓанин.
Од Министерството апелираат до сите македонски граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Турција да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации.
За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Турција, граѓаните можат да се обратат на отворените телефони во дипломатско-конзуларните претставништва во Анкара и Истанбул или во Министерството за надворешни работи./крај/мф/бс
Амбасада на Република Македонија во АнкараМобилни телефони: +905383130343; +905385466691Телефон: + 903 12 439 92 08 F: + 903 12 439 92 06Е-пошта: [email protected] Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha Ankara Генерален конзулат на Република Македонија во ИстанбулМобилен телефон: +90 535 545 80 41Телефон: T: + 90 212 249 99 77; + 90 212 251 22 33 Е-пошта: [email protected]Адреса: Inönü Cad., Üçler Apt. No: 12 D 4, Gümüşsuyu, Taksim, İstanbul Министерство за надворешни работи на Република МакедонијаМобилни телефони: +38972 242 783; +38972239045Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:[email protected]
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.