Регион
Левицата во Шпанија тврди дека нема да формира влада со Рахој

Двете главни левичарски партии во Шпанија тврдат дека нема да и дозволат на владејачката Народна партија на премиерот Маријано Рахој да формира нова влада.
Социјалистичката партија, која го зазеде второто место на неделните парламентарни избори, соопшти дека ќе гласа против Рахој да формира влада.
Претставникот на социјалистите Цезар Луена рече дека Народната партија, која освои најмногу гласови, ќе има проблеми да формира влада и дека социјалистите нема да и дадат поддршка.
Луена ја исклучи можноста за воспоставување на коалиција без преседан помеѓу двете партии, кои доминираа со децении со шпанската политика.
Пабло Иглесиас, лидерот на шпанската партија Подемос, која го зазеде третото место на вчерашните избори, изјави дека нема да и дозволи на владејачката Народна партија да формира нова влада.
„Да нема сомневање…Подемос нема ниту активно ниту пасивно да дозволи влада да формира Народната партија“, рече Инглесиас.
Тој најави дека наскоро ќе започне разговори со останатите партии за постигнување на евентуален политички договор.
Народната партија освои 124 пратенички места, што не е ни одблизу доволно за формирање на влада. За апсолутно мнозинство се потребни 176 од вкупно 350 места во шпанскиот парламент.
Социјалистичката партија освои 90 пратенички места, а Подемос 69.
Десничарскиот Суидаданос (Граѓани), се најде на четвртото место со 40 освоени места.
Преостанатите места им припаднаа на регионалните партии, кои би можеле да бидат клучни во процесот на формирање на коалициона влада, што би можело да доведе до формирање на левичарска коалиција во која би била вклучени каталонските партии кои се залагаат за независност. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин