Македонија
Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини
Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на заразени постојано се зголемува, рече вицепремиерот Бујар Османи, според кого, колективните рестриктивни мерки не ги даваат резултатите. Тој кажа дека поголем број од новозаразените се во рамки на неколку семејства, но и покрај тоа, бројките се загрижувачки.
„Немаше таков предлог од Комисијата за заразни болести. Јас можам да кажам мој личен став дека тоа што го научивме од вирусот е дека ниту една колективна рестриктивна мерка, не е подобра од колективната свест и личниот ангажман од страна на граѓаните. Само доколку секој си е свој полицаец и се грижи за своето и здравјето на своето здравје е единствениот начин да се заштитиме. Колективните мерки очигледно не ги даваат резултатите. Овие случаи, овој пик денеска е зараза во тек на полицискиот час“, одговори Османи прашан дали е разговарано за воведување полициски час на општинско ниво во Скопје.
Тој рече дека вирусот е опасен, по што повика граѓаните да ги почитуваат мерките за социјална дистанца, носење заштитна опрема, како и забраната за групирање.
„Позитивни страни се што поголемиот дел од новозаразените се во рамки на неколку семејства, познати кластери, но сепак, бројките се загрижувачки, како и трендот со денешните 20 проценти од вкупниот број на тестирани. Комисијата ги прави анализите дали тоа е резултат на непочитување на личните мерки за заштита или други причини. Јас сакам да констатирам дека пандемијата е тука, вирусот е тука и е опасен“, рече Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради јавен собир во прекин сообраќајот кај Плетвар
Од 11:30 часот започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица од ромска националност поради измените на ЗБСП, на крстосница за с. Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети, соопшти АМСМ.
Кај Касарната во Кичево блокирана е една сообраќајна лента во правец од Скопје према Охрид, возилата се пренасочуваат преку регионален пат за Осломеј, додека другата сообраќајна лента правец Охрид према Скопје е слободна за движење.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Попова Шапка – с.Лисец.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски: Културата е наш приоритет, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планира поддршка за проекти од национален интерес во културата, изјави:
„Да, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е отприлика негде околу 25 милиони евра, средства којшто ќе бидат распределени во културата“.
Македонија
По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот
Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните протести за „Безбеден град“.
Утрово, премиерот разговарал со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и побарал од него соодветна реакција за секое прекршување на законот.
„Она што го побарав од него е кон секој оној што го прекршил законот, се заканувал и го загрозил мирот на граѓаните, жестоко да се одговори. И ќе биде одговорено жестоко, за да не се повтори вчерашното дивеење што се случи“, изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање.
Вчера на неколку локации во државата беа блокирани патни правци, при што граѓани палеа гуми на коловозите и протестираа, изразувајќи незадоволство од измените во Законот за сообраќај и одземањето на неколку моторни возила. Жители на повеќе ромски населби низ Македонија тврдат дека се дискриминирани, наведувајќи дека дел од нив немаат завршено образование и поради тоа немаат услови да полагаат за возачка дозвола.

