Европа
Путин ги повика Русите да излезат во недела на изборите

Претседателот Владимир Путин и повика своите сонародници во четвртокот да гласаат во недела на парламентарните избори, на кои инаку не се очекува дека ќе се случи промена на власта и оти ќе биде ослабена неговата политичка надмоќ во земјата, истакнувајќи дека тоа е „граѓански долг на секој Русин“ и „покажување на искрените чувства кон својата земја“.
„Само од вас, граѓаните на Русија, зависи каков ќе биде парламентот. Убеден сум дека сите ние сме заинтересирани во Државната дума да влезат достојни, компетентни, енергични и чесни луѓе, способни да ја исполнат волјата на народот и да ја оправдаат неговата доверба, обезбедувајќи стабилност, развој и национално единство, да бидат способни да бидат единствени во одбраната на интересите на Русија“, изјавил меѓу другото претседателот Владимир Путин, пренесува агенцијата ТАСС.
„Ве повикувам на избирачките места, гласајте, изразете ги своите ставови. Без оглед на нашите политички мислења, учеството во изборите е граѓанска должност на сите нас, израз на нашите искрени чувства кон татковината и грижа за иднината“, продолжил Путин и додал „Изберете, гласајте за Русија“.
Изборите на коишто првпат ќе гласаат и избирачите од црноморскиот полуостров Крим кој пред две години преку референдум се присоедини на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија, се одржуваат во периодот кога популарноста на Путин во земјата се движи околу 80 отсто и покрај најдолгата рецесија во текот на неговите 16 години на челните позиции во Русија.
Две години по присоединување на Крим, односите меѓу Русија и Западот се најлоши по повеќе децении наназад, но тоа не се одрази на изборната кампања, а општата апатија насочува дека одѕивот би можел да биде низок, коментира француската новинска агенција AFP.
Руските изборни власти годинава дозволија кандидирање на значително поголем број опозициски кандидат, што се толкува како настојување да се подобри сликата на демократијата по протестите од 2011 година кога слабата опозиција протестираше против наводни нерегуларности, на што на Западот му беше даден голем публицитет.
Путин инсистираше сите кандидати да добијат „еднакви услови за отворена, чесна борба“. Меѓутоа, јасно е дека сегашната власт не е загрозена, а се оценува и дека промените во изборниот закони ќе одат во полза на владејачката Единствена Русија. Се претпоставува дека самиот Путин ќе се кандидира за четвртиот претседателски мандат во 2018 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција повеќе од една недела откога Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува разгранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на „Икс“.
Минатата недела Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Бомба од Втората светска војна пронајдена во река во Берлин, илјадници евакуирани

Илјадници луѓе во центарот на Берлин беа принудени да ги напуштат своите домови синоќа откако во реката Шпре беше пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна.
Полицијата постави безбедносен периметар од 500 метри во густо населен дел од градот и одеше од врата до врата за да ги предупреди жителите да се евакуираат.
Локалниот весник „Тагешпигел“ објави дека пред засолништето на градското собрание во берлинскиот кварт Мите, каде што стотици луѓе се регистрирале за да преноќат, се формирале долги редици. Поради големиот број евакуирани, второ засолниште било отворено во блиското училиште кратко по полноќ.
Истиот кварт е дом и на бројни амбасади и градски владини канцеларии.
Alle Personen sind aufgefordert den Sperrkreis umgehend zu verlassen. Bitte rechnen Sie damit, dass die Sperrmaßnahmen die Nacht andauern werden. Erst nach der vollständigen Evakuierung wird unsere #Kriminaltechnik die #Weltkriegsbombe begutachten und dann entscheiden ob und wann… pic.twitter.com/oPFmv3mX8z
— Polizei Berlin (@polizeiberlin) September 18, 2025
Властите соопштија дека бомбата била откриена за време на градежни работи во близина на Фишеринсел во центарот на градот. Проверките за неексплодирани убојни средства рутински се вршат во германските градови пред големи градежни проекти.
Полицијата соопшти дека бомбата ќе биде деактивирана денеска рано наутро. Потоа нуркачите ќе се обидат да се приближат за да ја прегледаат. Таа е под четири метри вода и покриена со тиња, што ја отежнува операцијата уште повеќе.
Жителите треба да се вратат во своите домови исто така денеска наутро.
Дотогаш, целиот речен сообраќај на Шпре е запрен, бројни улици во центарот на Берлин се затворени, а линијата U2 на метрото е запрена.
Ова е една од најголемите евакуации поради неексплодирани убојни средства во Берлин во последните години, објавува „Дојче Веле“.
фото: принтскрин
Европа
Путин го разреши заменик-шефот на администрацијата

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј Козак од функцијата заменик-шеф на руската претседателска администрација со декрет. Декретот од една реченица не наведува причина за потегот или што Козак имал намера да направи.
Во претходното соопштение на Кремљ се вели дека Козак, долгогодишен функционер во администрацијата на Путин, поднел оставка. РБЦ објави дека Козак поднел оставка и разгледува различни опции за влез во деловниот свет.
Запрашан за оставката, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече: „Можам да потврдам дека Дмитриј Николаевич Козак поднел оставка. На негово барање.“
Козак работи заедно со Путин од 1990-тите, кога беа заедно во администрацијата на Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија. Тој одигра клучна улога во надгледувањето на организацијата на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.
фото: принтскрин