Свет
Пропалестинска група тврди дека израелската ИДФ ја обучува американската полиција на расистички тактики
Пропалестинска група го обвини Израел за смртта на голем број Афроамериканци во рацете на американските полицајци тврдејќи дека ИДФ ја обучува американската полиција на тактики што водат до кршење на човековите права, пренесува „Џерусалем пост“.
Американската кампања за палестински права (УСЦПР) ги објави обвиненијата на „Твитер“ во петокот пишувајќи:
„Израелската војска ја обучува американската полиција на расистичка и репресивна полициска тактика, која систематски ги таргетира Афроамериканците. Неодамнешните убиства на Џорџ Флојд, Бреона Тејлор и Ахмауд Арбери се примери на расистичко системско насилство“.
Твитот содржи линк до статијата од 2016 година на веб-страницата на „Амнести интернешнл“ во САД со наслов „Со кого тренираат многу американски полициски оддели? Со хроничниот прекршувач на човековите права – Израел“.
The Israeli military trains US police in racist and repressive policing tactics, which systematically targets Black and Brown bodies. The recent murders of George Floyd, Breonna Taylor, and Ahmaud Arbery are examples of racialized, systematized violence. https://t.co/DJ7T2qh6RL
— US Campaign for Palestinian Rights (@USCPR_) May 28, 2020
Написот детаљно опишува како полицајците од полициските оддели во Балтимор, Флорида, Њу Џерси, Пенсилванија и Калифорнија, меѓу другите, добиле обука од израелските полициски, воени и разузнавачки служби во САД.
„Овие обуки ја ставаат полицијата во Балтимор и другите американски полицајци во рацете на воените, безбедносните и полициските системи, кои со години имаат документирано кршење на човековите права“, тврди „Амнести“ пред да продолжи да ја обвинува израелската полиција за извршување вонсудски егзекуции и други незаконски убиства, лошо постапување и тортура (дури и против деца), задушување на слободата на изразување/здружување, вклучително преку надзор на владата и прекумерна употреба на сила против мирни демонстранти.
Статијата продолжува: „Јавните или приватните фондови потрошени за обука на нашата домашна полиција во Израел треба да нè засега сите нас. Многу од документираните злоупотреби и нарушувања се исти како оние кај израелската армија, безбедносните и полициските сили“.
УСЦПР ги поддржа обвинувањата на „Амнести“ привлекувајќи паралели помеѓу движењето „Блек лајвс медр“ и пропалестинскиот активизам објавувајќи дека смртта на Флојд, Тејлор и на Арбури се резултат на инвестирање во насилен и антицрнечки полициски систем.
Твитот истакнат од организацијата, со тоа што е поставен на врвот на нивната страница, гласи: „Колективното ослободување бара да застанеме зад борбата за слобода на сите угнетени луѓе. Во согласност со нашата визија за слобода, правда и еднаквост за палестинскиот народ во свет без расизам се залагаме за солидарност со визиите за правда за црнечките заедници“.
Collective liberation demands that we stand w/the freedom struggles of all oppressed people. Consistent with our vision of freedom, justice, & equality for the Palestinian people in a world without racism, we stand in solidarity w/the visions of justice for Black communities. pic.twitter.com/OKKseSDSkO
— US Campaign for Palestinian Rights (@USCPR_) May 29, 2020
Како одговор на твитот што се поврзува со написот на „Амнести“, поранешниот член на Кнесетот, д-р Еинат Вилф, твитна:
„Ах, да, секако. Затоа што нема апсолутно ништо во американската историја што ќе ја објасни полициската бруталност против црнците. Тоа мора некако да го вклучи Израел. Мислев дека само Палестинците немаат агенција, сега и на американските полицајци им недостига – нивните постапки се одредени од ционистичките куклари“.
Брајан Леиб, поранешен национален директор на „Американците против антисемитизмот“, во изјава за „Џуиш џурнал“ рече:
„Овие лажни обвинувања од кампањата за палестинските права и „Амнести интернешнл“ се одвратни и целосно лажни. Точно е дека тимови за специјални операции од локалните и државните полициски оддели, како SWAT, тренираат со Израел, но просечниот полицаец никогаш не добил обука од Израел! Дали „Твитер“ и Џек Дорси ќе ги проверат фактите во денешното ширење лаги за Евреите?“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026

