Црна хроника
Албанската полиција откри група од 14 имигранти од Сомалија
Албанската полиција во близина на границата со Црна Гора откри група од 14 имигранти од Сомалија во обид тие од албанска територија да влезат во Црна Гора, а потоа патот га го продолжат кон западно-европските земји.
Албанската Пограничната полиција деновиве откри и други помали групи на имигранти од африканските и азиските земји во северниот дел од земјата и работи на откривање на организаторите на овој нелегален синџиир на трговија со луѓе. Пред два дена според албанското МВР, еден Пакистанец е најден удавен во Скадарското езеро во обид тој да ја мине нелегално албанско – црногорската граница .
Полицијата на граничниот премин Хани Хотит меѓу Албанија и Црна Гора, не соопшти информации од која граница имигрантите влегле во Албанија . /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.