Македонија
Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство
Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се работи за 67 случаи. Оваа информација следува по добиените резултати што ги чекале од приватна лабораторија. Има и едно лице починато.
Како што се наведува во извештајот, во последните 24 часа направени се 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 52, Куманово – 2, Штип – 1, Тетово – 14, Велес – 2, Гостивар – 2, Кочани – 1, Пробиштип – 1 и Кратово – 1.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Струга (56), примена во болницата на 21 мај како сомнителна на Ковид-19, потврдена позитивна по приемот во болницата.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје – 12, Куманово – 2, Тетово – 11 и во Гостивар – 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.391, бројката на оздравени пациенти е 1.595, на починати е 141, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 655. Последната дистрибуција по градови е следната:
• Скопје – 928, активни 338
• Куманово – 469, активни 55
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 104, активни 69
• Прилеп – 212, активни 30
• Тетово – 231, активни 86
• Струга – 84, активни 12
• Велес – 132, активни 29
• Битола – 28, активни 3
• Охрид – 23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 29, активни 8
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 4, активни 2
• Крива Паланка – 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 38, активни 7
• Пробиштип – 3, активен 1
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 0
• Берово – 1, активни 0
• Валандово 2- , активен 1
• Виница – 3, активени 1
• Делчево – 1, активен 0
• Кратово – 3, активен 1
• Свети Николе – 2, активни 2
• Кичево – 3, активен 1
• Неготино – 12, активни 3 (7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 885 теста се преку: ИЈЗ – 249, ЦЈЗ Скопје – 34, „Авицена“ – 35, „Биотек“ – 136, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 175, „Систина“ со PCR-метода – 128 и МАНУ – 128. Досега во земјата се направени вкупно 31.187 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и во геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на Ковид-19.
До утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите 24 часа примени се 6 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 31 пациент. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се 6 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 7 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип хоспитализирани се 14, а на домашно лекување се следат 16 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и во Прилеп хоспитализирани се 27 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност
Министерството за животна средина и просторно планирање остро реагира на изјавата на советничката на Град Скопје Ирена Витина, за обезбедувањето на 6-те еколошки автобуси и ја оценува како тендециозна, навредлива и со цел да се намали кредибилитетот на институцијата и на министерот Изет Меџити.
„МЖСПП ја информира јавноста, а особено спомената советничка која не е доволно информирана, дека набавката на овие автобуси е само една активност од акциската ЕУ програма за еколошки стандарди и чист воздух и е дел од целосната Програма за животна средина и климатска акација во рамки на ИПА 3 помошта од ЕУ.
Активностите од оваа Програма се испрограмирани на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање во координација со сите вклучени страни, меѓу кои е и Градот Скопје, одобрени од Владата РСМ и прифатени од страна на ЕУ Комисијата за финасирање“, велат од Министерството
„Програмата за чист воздух содржи повеќе компоненти за кои повеќе пати сме информирале, се спроведува под директно управување од страна на Делегацијата на Европската Унија. Министерството за животна средина и просторно планирање е одговорно за следење на имплементацијата на Програмата и е корисник на истата, а конретно на оваа активност Градот Скопје е краен корисник.
Нагласуваме дека МЖСПП ги програмира сите активности што се финансираат ЕУ инструментот ИПА, ја следи имплеменатцијата и известува кон ЕУ Комисијата за постигнатите цели од реализација на ИПА проектите.
Добро би било советничката на Град Скопје Ирена Витина подобро да се информира пред да излезе во јавност со вакви невистини. Дополнително за нејзино информирање, покрај грант средставата од ЕУ, Владата на Република Северна Македонија обезбедува и национална контрибуција за целата Програма“, соопшти Министерството.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.