Регион
Црногорец изрешетан од автоматско оружје додека шетал на улица во Шпанија

Четириесет и едногодишен Црногорец вчера бил убиен на улица во Шпанија, пренесуваат српските медиуми. Како што се наведува, Милош Перуничиќ бил убиен додека шетал пред голем број сведоци и на сред бел ден, при што му пришол маж облечен во морнарски костум и испукал неколку куршуми во него.
Потоа напаѓачот побегнал со мотор од местото на настанот, пренесува „Вијести“.
Мотивот за убиството засега не е познат, а истражителите веднаш презеле снимки од надѕорните камери и сослушале неколку сведоци.
Убиениот Перуничиќ во себе имал босански документи. Тој одамна не живее во Црна Гора и наводно е близок на криминалниот клан, на избеганиот Алан Кожар.
Други извори тврдат дека Перуничиќ е во роднински врски со осуден криминалец од Бар, па ќе се проверува дали мотивот за ликвидација во Марблеј е можеби одмазда поради непослушност на својот роднина.
Од врвот на црногорската полиција за „Вијести“ неофицијално е кажано дека колегите од Шпанија ги известиле за ликвидацијата на Перуничиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.