Македонија
ДОМ: Дали со новиот ДУП во Карпош се почитува Законот за урбано зеленило?

Донесувањето на ДУП-от за Градска четврт З 04, Блок 02, за кој е во тек јавната анкета, треба да се преиспита, бидејќи не е јасно дали го почитува членот 20 од Законот за урбано зеленило што бара примена на минимум 20% зеленило на градежна парцела, соопшти ДОМ.
„ДУП-от опфаќа 7 градежни парцели, од кои повеќето се веќе изградени, а согласно планската документација, зеленило се предвидува на само 0,27 хектари (или 2658 м2), односно на само 9,02% од урбаниот опфат. Притоа не се дава прецизна информација за застапеноста на урбано зеленило на ниво на градежна парцела, што, пак, го бара Законот за урбано зеленило.
ДОМ апелира до сите општини, при носењето ДУП-ови да го почитуваат Законот за урбано зеленило. Изработувачите на урбанистички планови и стручните тела во општините, доследно да ги применуваат одредбите од Законот за урбано зеленило и Правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото.
Така ќе се овозможи „зазеленување” на урбанизмот, намалување на аерозагадувањето и климатските промени и поздрав и поквалитетен живот на граѓаните“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.