Спорт
Пред 18 години, Ривалдо го имаше најсмешното глумење во историјата (видео)

Ривалдо си замина од Светското првенство во 2002 со заслужениот златен медал со моќниот Бразил, но исто така беше и актер во едно од најсмешните глумења во историјата, за кое беше казнет и од ФИФА.
Во меч од групната фаза против Турција, Хакан Унсал ја шутна силно топката кон Ривалдо, кој во финишот на мечот се „влечеше“ со изведување на корнер. Топката го удри во колено, но Ривалдо се фати за лицето, а Унсл доби црвен картон.
Публиката на стадионот во Јужна Кореја, го исвирка судијата Ким Јанг-Џу и ја фрли во сенка 2:1 победата на Бразил. И покрај бунтот на новинарите, Ривалдо доби само парична казна.
„Јас бев жрвта и казнет во случајов. Да, топката не ме удри во лице, но јас бев жртвата. Никој не кажува што направи Турчинот“, се правдаше Ривалдо.
Сепак, мечот се заборави откако Ривалдо постигна пет гола, а Роналдо имаше седум гола, за Бразил да ја освои титулата со совршени седум победи во седум меча.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Невладини организации побараа Аргентина и Меси да го бојкотираат мечот со Ангола

Неколку невладини организации апелираа до фудбалската репрезентација на Аргентина и до Лионел Меси да се откажат од пријателскиот натпревар во Ангола откако 30 лица загинаа во протестите во Луанда минатиот месец. Пртестите се одржаа против зголемувањето на цените на горивата.
Анголската фудбалска асоцијација неодамна објави дека Аргентина треба да биде гостува во Луанда во ноември во чест на 50-годишнината од независноста на таа јужноафриканска земја. Сепак, Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) сè уште не потврди дека натпреварот ќе се одржи.
Во отворено писмо упатено до АФА, националниот тим и добротворната организација Фондација Лионел Меси, четири граѓански организации ги обвинија властите на Ангола за „систематска репресија“.
Организациите, исто така, повикаа на откажување на натпреварот откако 30 лица загинаа минатиот месец во протестите против зголемувањето на цените на горивата.
„Инвестирањето милиони долари во спортски настан додека илјадници луѓе страдаат од глад, додека болниците се уриваат, а репресијата се зголемува не е легитимен приоритет, тоа е навреда на човечкото достоинство“, осудуваат овие организации, повикувајќи го Меси да направи „храбар, етички и хуманитарен чин“, барајќи откажување на овој натпревар.
Ангола е еден од водечките производители на нафта во Африка, но околу една третина од населението од речиси 38 милиони живее во сиромаштија, според податоците на Светската банка.
Спорт
Куруц ќе го пропушти Евробаскетот

Кошаркарска репрезентација на Латвија ќе биде ослабена на претстојното Европско првенство.
Балтичката селекција нема да може да смета на еден од најстандарните играчи во тимот на Лука Банки, Родионс Куруц.
Дека Куруц нема да игра на првенствотобеше јасно кога не беше во составот за „Акрополис Купот“ против Грција.
„За жал, Родионс Куруц нема да ги продолжи подготовките за Европското првенство, бидејќи службените лица на неговиот тим закажаа операција за целосно санирање на повредата на петицата“, се вели во летонското соопштение.
Куруц играше во Мурсија во последните две години, а од следната сезона ќе се врати во Евролигата каде што ќе игра за Басконија.
Латвија ќе игра на Евробаскетот во групата А со Естонија, Чешка, Португалија, Србија и Турција.
Спорт
Aжаксио замина во стечај

Фудбалскиот клуб Ажаксио поднесе барање за стечај до градскиот трговски суд, објави „Парисиен“. Резултатот од оваа постапка ќе биде отпуштање на 180 вработени и затворање на тренинг центарот на клубот.
На 13 август, Француската фудбалска федерација (ФФФ објави дека Ажаксио ќе биде исклучен од Лига 2 за новата сезона 2025/26 поради финансиски проблеми.
Минатата сезона, популарните „Мечки“ од Корзика го зазедоа 12-то место на табелата во Лига 2.
Ажаксио професионален клуб во 1965 година, а неговите бои ги бранеа некои познати француски фудбалери (Мариус Трезор, Доминик Баратели, Клод Ле Роја, Себастијан Скилачи, Стефан Порато, Јохан Кавали…), Франсоа М’Пел од Конго, Романецот Адриан Муцу, мексиканскиот голман Гилермо Очоа, Бразилецот Марселињо Кариока…
Ажаксио беше шампион на втората француска Лига 2 двапати, во 1967 и 2002 година. Во еден период, тренери на овој клуб беа познатиот холандски репрезентативец Руд Крол и познатиот италијански голгетер Фабрицио Раванели.
Пред Ажаксио, банкротираше Бордо а француските медиуми пишуваат дека неколку други клубови се во тешка финансиска состојба.