Свет
Поранешниот американски министер за одбрана: Трамп сака да нè подели
Угледниот американски генерал и поранешен министер за одбрана Џејмс Матис, кој даде оставка во 2018 година, по одлуката за повлекување на војниците од Сирија, остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп поради начинот на кој се справува со масовните протести во САД.
Матис досега никогаш не го критикувал претседателот, но сега одлучи да го прекине молкот. Во коментар објавен вчера во „Атлантик“, Матис го критикува Трамп и тоа една недела по избивањето на протестите поради смртта на Џорџ Флојд. Тој меѓудругото го обвинува Трамп дека и` наредил на војската да ги прекрши уставните права на граѓаните.
„Лут и вчудовиден ги набљудував настаните оваа недела. Зборовите ‘Еднаква правда според законот’ се втемелени на ѕидот на зградата на Врховниот суд. Всушност, тоа демонстрантите со право го бараат“, напиша Матис додавајќи дека тоа е барање зад кое сите би требало да застанат.
Не смеат тоа да ни го одземат оние малобројните кои го кршат законот. Протестираат десетици илјади совесни луѓе кои инсистираат на тоа да бидеме дораснати на нашите вредности како народ и нација“, пишува Матис.
„Доналд Трамп е првиот претседател во мојот живот кој не настојува да го обедини американскиот народ, дури не се ни преправа дека го прави тоа. Наместо тоа, тој сака да нè подели“, порача Матис и додаде дека американскиот народ може да се обедини и без Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со мировните преговори во Украина
Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината портпаролка, додавајќи дека специјалниот американски пратеник Стив Виткоф е на пат кон Москва.
„Мислам дека администрацијата е многу оптимистична“, изјави Каролин Ливит, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп и неговиот тим „работеа многу напорно на ова прашање и искрено сакаат да видат како оваа војна завршува“.
„Тие имаа многу продуктивни разговори со Украинците вчера во Флорида, а сега специјалниот пратеник Виткоф е на пат кон Русија“, изјави портпаролката.
Кремљ објави дека Виткоф, кој веќе неколку пати бил во руската престолнина оваа година, ќе се сретне со Владимир Путин во среда.
Патувањето на претставникот на Трамп доаѓа во услови на зголемен притисок врз Киев да го прифати американскиот план за завршување на војната, според агенцијата Франс Прес.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот француски колега Емануел Макрон се сретнаа со претставникот на Трамп и украинскиот преговарач Рустем Умеров во Париз, по американско-украинските разговори во Флорида во неделата.
Двете страни ги опишаа разговорите како „продуктивни“, но американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека „сè уште има работа што треба да се направи“.
Регион
(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата
Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата во еврото, валутата што земјата ќе ја усвои на 1 јануари.
Некои демонстранти во бугарската престолнина се судрија со полицијата што ги заштитуваше канцелариите на владејачките партии, напаѓајќи ги безбедносните сили со камења, шишиња и пиротехнички средства.
Today #Bulgaria protests! Thousands of Bulgarians are in front of parliament and demand the resignation of the government. 🙌🏼 pic.twitter.com/KXDYYrEzJJ
— NessieK (@NbK1808) December 1, 2025
Опозицијата и други организации изразија незадоволство од буџетот поради најавените зголемувања на придонесите за социјално осигурување и даноците на дивиденда за финансирање, како што велат, на повисоките државни трошоци и корупцијата.
Околу половина од Бугарите се противат на воведувањето на еврото, тврдејќи дека тоа ќе го загрози суверенитетот на земјата и дека ќе го искористат преминот кон друга валута за да ги зголемат цените.
❤️ Well done #Bulgaria 🙌🏼 pic.twitter.com/kCYJQaruCX
— NessieK (@NbK1808) December 1, 2025
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, исто така, неодамна предупреди дека инфлацијата во Бугарија може да се зголеми откако ќе се приклучи на еврозоната, објави Ројтерс.
Европа
Кремљ: Го освоивме Покровск
Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран. Нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз изјави дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.
Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред очекуваната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва утре, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.

